Бискупот Стојанов во просториите на Ординаријатот на Скопска бискупија и Струмичко-скопска епархија во Скопје, во понеделник 19 февруари 2024 година, ги прими одговорните на Неокатекуменскиот пат за поранешна Југославија, дон Пиерџорџо Де Ангелис, Фулвио и Антонела Фалсети како и дон Томаш Бак, одговорен за Мисијата Ad Gentes, а воедно и парох во Куманово, парохиски администратор во Битола и душогрижник во Прилеп и Велес.
Во пријатна братска атмосфера се разговараше за Мисијата на Неокатекуменскиот пат во Куманово и Македонија, на чиј членови вечерва бискупот Стојанов ќе им додели Часослов во Годината на молитвата.
На средбата беше искажана обострана благодарност за досегашната меѓусебна одлична соработка како и надеж за понатамошна соработка, а се за доброто на Божјиот народ.
к.мк