Кампања на Каритас: Едно човечко семејство – храна за сите!

Претседателот на Каритас Интернационалис кардинал Оскар Андрес Родригез Марадијага упати апел до сите Каритаси низ целиот свет, повикувајќи ги членовите на Каритас и сите луѓе со добра волја, да се ангажираат во реализацијата на „Светската кампања на Каритас против гладот“ – ЕДНО ЧОВЕЧКО СЕМЕЈСТВО – ХРАНА ЗА СИТЕ!

Кампања ќе започне на 10.12.2013 година во 12:00 часот, кога се повикуваат вработените и волонтерите на Каритас во светот, лицата засегнати од гладот, верниците и сите луѓе со добра волја кои се чувствителни за проблемите поврзани со гладот, да се молат за остварување на оваа цел: ЕДНО ЧОВЕЧКО СЕМЕЈСТВО – ХРАНА ЗА СИТЕ!

Како членка на Каритас Интернационалис, Македонски Каритас ги повикува сите верници и сите луѓе со добра волја на 10.12.2013 во 12:00 часот да се молат половина час Господ да ни помогне да ја оствариме таа задача „Едно човечко семејство – храна за сите!

По повод почетокот на оваа кампања Македонски Каритас организира и Хуманитарен концерт на 10.12.2013 година со почеток во 19:00 часот во Католичката катедрала „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, на кој сите доброволни прилози ќе се употребат за гладните.

Каритас потекнува од латинскиот збор caritas, што означува милосрдие – братска љубов. Тој збор се употребува и како назив за хуманитарната организација на Католичката Црква. Хуманитарната организација се состои од Caritas Internationalis (Меѓународен Каритас) со седиште во Ватикан, во чиј состав влегуваат регионални Каритаси и 164 национални (државни) Каритаси. Активностите на Каритас се реализираат во повеќе од 200 земји во светот. Каритас помага на луѓето во нивните духовни и телесни потреби, без разлика на нивната национална, верска или политичка припадност. Единствен критериум за Каритас е вистинската потреба на човекот.

Македонски Каритас

Категорија: Македонија

За авторот