Баварскиот премиер одлучи: Крстови во сите јавни згради

Баварскиот премиер одлучи: Крстови во сите јавни згради

Новизбраниот премиер на германската сојузна држава Баварија, Маркус Седер нареди од 1 јуни во секоја зграда на јавната администрација и други јавни институции на влезот да има поставено крст, и објасни дека тоа е „јасна потврда за нашиот баварски идентитет и христијански вредности“.

Тоа е првата одлука на новиот сојузен премиер од партијата на Христијанската социјална унија (ЦСУ), сестринска партија на ЦДУ на премиерката Меркел. Седер во март го презеде премиерското место од својот партиски ривал и претседател на ЦСУ Хорст Зехофер и сега донесе долука која ќе важи само за зградите на сојузната држава Баварија, но не и за зградите во кои се сместени сојузните политички институции.

Зградите на образовните и правосудните институции веќе имаа обврска за поставување на крст.

Одговарајќи на критиките, баварскиот премиер рече дека поставувањето на крстови во згради на јавната администрација не претставува кршење на уставните одредни за религиска неутралност на државата (при што треба да се забележи дека герамснкиот Устав истовремено упатува на соработка на државата со верските заедници). Седер истакна дека Крстот е симбол на „баварскиот идентитет“.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот