Атентатот во Ница длабоко го ожалости Папата

Со неверување и во молитва Светиот Отец ги следи вестите за ужасното крвопролевање кое се случи на 14 јули вечерта во Ница, каде камион со брзина од 80 километри на час удри во народот усмртувајќи 84 луѓе.

Во телеграмата која ја потпиша кардинал Пиетро Паролин, Папски државен секретар, упатена до бискупот во Ница, (Андре Марсо), Папата силно го осудува „слепото насилство“, кое повторно ја погоди Франција, а немаше милост ниту за децата затоа што се многумина меѓу жртвите.

Папата го изразува своето сочуство во болката на ожалостените семејства и го моли Бог да ги поткрепи; на ранените и целиот француски народ им ја ветува својата близина, а ги охрабрува сите кои се заземаат во пружењето помош. Во крајот на телеграмата, Папата го моли Бог да даде мир и слога на Франција.

Исто така, се изјасни и отец Ломбарди, директор на Канцеларијата за печат при Светиот Престол. Вечерва со голема загриженост ги следевме ужасните вежби кои пристигнаа од Ница. Во име на Папата и во свое име изразуваме сочуство и солидарност со страдањето на жртвите и целиот фрнцуски народ, токму тогаш кога требаше најмногу да се веселат. Остро го осудуваме секој вид на убиствено лудило, омраза, тероризам и напад на мирот – истакна отец Ломбарди.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот