Архиепископот Васил беше примен од претседателот Пандаровски и архиепископот Стефан

Архиепископот Васил беше примен од претседателот Пандаровски и архиепископот Стефан

На 20 мај 2021 година претседателот Стево Пендаровски ги прими Архиепископот Кирил Васил, администратор на епархијата во Кошице, Хенрик Маркуш, амбасадор на Словачка во Македонија, Франтишек Рабек, воен ординариј и Стојан Лекоски, книжевен преведувач и библиограф кој. живее и работи во Словачка.

На средбата соговорниците изразија задоволство од политичките, историските и културните врски меѓу Македонија и истакнаа дека афирмацијата и популаризацијата на современиот македонски јазик, литература и култура во Словачка придонесува за унапредување на пријателските односи меѓу Македонија и Словачка.

По средбата со претседателот Пендаровски Словачката делагација ја посети НУ Спомен куќа на Мајка Тереза во Скопје.

Во попладневните часови епископот Стојанов заедно со архиепископот Кирил Васил и воениот ординариј Франтишек Рабек го посетија Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, каде во срдечна атмосфера разговараа за актуелности од Македонија и Словачка.

Својот престој го завршија со посета на Катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје каде се поздравија со верниците, кои беа пристуни на светата Литургија.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот