Архиепископот Ауза: Родовата идеологија значи чекор назад

Архиепископот Ауза: Родовата идеологија значи чекор назад

Родовата идеологија, негирајќи ја „природната разликата и взаемност помеѓу мажите и жените“, има за цел да претстави „општество без разлика помеѓу половите, што го укинува антрополошкиот темел на семејството.“

Во многу силен говор одржан на 20 март 2019 година во седиштето на Обединетите нации, архиепископот Бернардито Ауза, постојан набљудувач на Светиот Престол во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, јасно ги повторува зборовите на папата Фрањо за родовата идеологија. Архиепископот учествуваше на состанокот на тема „Полова еднаквост и родова идеологија: за заштита на жените и девојчињата“, кој беше организиран за да се оцени состојбата на жените во светот и да се следат прашања кои се однесуваат на политичките, економските, граѓанските, социјалните и образовните права на жените.

Постоеше време кога јасно се разбираше она што значи да се биде жена и тоа беше прашање на хромозомите – рече архиепископот Ауза и посочи: Денес таа јасност е осквернета со родовата идеологија која претпоставува личен идентитет ослободен од пол. Замената на овој биолошки пол со родов идентитет има силни последици  „не само во однос на правото, образованието, економијата, здравјето, безбедноста, спортот, јазик и култура“, но исто така и во однос на антропологијата, човековото достоинство, човековите права, бракот и семејството, мајчинството и татковството како и на судбината на самите жени и мажи, а особено на децата.

Папата Фрањо силно го нагласува достоинството и правото на тоа да не бидат дискриминирани оние кои немаат чувство на припадност на нивниот биолошки пол, но во исто време многу јасно говори за ризиците на поединците и општеството кои произлегуваат од родовата идеологија (од интервјуто со новинарите по неговото враќање од Азербејџан, 2. октомври 2016) – рече постојаниот набљудувач на Светиот Престол во Обединетите нации и го цитираше 56 пасус од Апостолскиот поттик „Amoris laetitia“ во кој Папата истакнува дека родовата идеологија, негирајќи ја „природната разликата и взаемност помеѓу мажите и жените“, има за цел да претстави „општество без никаква разлика меѓу половите, со што го укинува самиот антрополошки темел на семејството“.

Во тој дел од Апостолскиот поттик понатаму пишува: „Таа идеологија ги покренува наставни планови и законодавните насоки со кои го промовира разбирањето на личната самосвест и емоционална блискост, кои радикално се отцепени од биолошките разлики помеѓу мажите и жените. Човековата самосвест така се предава во рацете на индивидуалистички избори, кои со текот на времето може да се менуваат. Загрижувачки е фактот дека некои од овие идеологии кои се обидуваат да одговорат на специфични, а понекогаш и несфатливи аспирации, се обидуваат да наметнат такво едноумие кое одредува исто така како да се воспитуваат деца.

Не смее да се заборави дека „биолошкиот пол и општествено – културната улога на полот, може да се разликуваат,, но не и да се одвојат.“ Од друга страна, „револуцијата на биотехнологијата од областа на човековото раѓање овозможила манипулација со самиот чин на зачнувањето, раскинувајќи ја неговата врска со сексуалниот однос на мажот и жената. Човечкиот живот и родителство станаа така реалност која дава да се состави и да се раздвои по волја, и главно зависи од желбата на поединци и двојки. „Една работа е да се има разбирање на човечката слабост и комплексноста на животот, а сосема друго е да се прифатат идеологии кои се обидуваат да ги оделат неразделните аспекти на реалноста. Извадокот завршува: „Ние сме повикани да ја зачуваме нашата човечност, а тоа значи, пред сè, да го прифатиме и почитуваме такво какво што е создадено (според „Amoris laetitia“ бр.56). Нашиот пол, како и нашите гени и други природни карактеристики – посочи монс. Ауза, се објективни факти, а не субјективни избори.

Потоа претставникот на Ватикан го цитираше делот 155 од енциклика „Laudato si“, во кој Папата вели дека прифаќањето на сопственото тело „е неопходно за примање и прифаќање на целиот свет, како подарок“ додека „логиката на владеење над сопственото тело, често на многу суптилен начин, прераснува во размислување дека уживаме апсолутна моќ над создадениот свет. Учењето да го прифатиш сопственото тело, негувањето и почитувањето на неговото значење е од суштинско значење за вистинската човекова екологија. Почитувањето на сопственото тело во својата женственост и машкост е од суштинско значење за нас како би можеле да се препознаеме во средбата со некој кој е различен“. Текстот понатаму продолжува: „Затоа не е здрава позицијата која сака да ја избрише сексуалната разлика, бидејќи повеќе не се знае како да се справи со неа“.

Во говорот до бискупите во Порторико на 8 јуни 2015 година, Папата истакна дека комплементарноста на мажот и жената „во прашање ја доведува т.н. родовата идеологија во името на послободно и поправедно општество. Разликите меѓу мажите и жените не се заради спротивставување или подреденост, туку заради заедништво и раѓање“. Меѓутоа, тоа е чекор назад, бидејќи елиминирањето на половите разлики всушност создава проблем, а не решение – рече Папата на Генералната аудиенција на 15 април 2015 година.

Кога се расправа за природната и споивата двојност на мажот и жената– рече архиепископот Ауза, самиот термин за човечко суштество е нарушен. Телото повеќе не е карактеристичен елемент на човештвото. Личноста е сведена на дух и волја, а човечкото суштество станува речиси апстракција. Папата Фрањо особено е загрижен заради поучувањето на децата на родова идеологија како би ги потикнале момчињата и девојчињата да се преиспитаат, од најраната возраст во нивниот живот, дали се машко или женско, упатувајќи ги дека полот секој може да го бира.

Во Краков, на 27 јули 2016 година, папата Фрањо им рече на полските бискупи: „А зошто тоа го поучуваат? Бидејќи книгите припаѓаат на луѓето и институциите кои даваат пари. Тоа се идеолошки колонизации кои ги поддржуваат многу влијателни земји, дури и во оние земји и култури кои се противат на таа нова и радикална антропологија “ – заврши архиепископот Бернардито Ауза, цитирајќи ги зборовите на Папата.

Ватикан њуз/к.мк/Јадранка Чадиновска

Категорија: Вести, Свет

За авторот