Аргентинските фудбалери му поклонија дрес на Светиот Отец
Без разлика на минатонеделниот пораз на аргентинската фудбалска репрезентација во финалето од светското фудбалско првенство во Бразил, аргентинските играчи на папата Фрањо му поклонијадрес, наречен Светлосин, со потпис на сите играчи.
На овој начин играчите сакаат да му се заблагодарат на Папата за неговите молитви, а за време на нивниот престој во Бразил, Фудбалската федерација на Аргентина во склоп на комплексот во кој престојуваа, постави огромна фотофрафија, на која е прикажан Папата со аргентинските играчи.
Кратко пред почетокот на Светското првенство во Бразил папата Фрањо ја прими во аудиенција арфентинската фудбалска репрезентација.
РВ/го*ко
Категорија:
Ватикан