Аргентинскиот тенисер Дел Потро се срeтна со папата Фрањо

Рим, 6.5.2013 /к.мк/ – Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро, кој овие денови настапува на Мастер турнирот во Рим, се сретна со папата Фрањо во Ватикан.

„Се сретнав со папата Фрањо во Ватикан. За мене тоа е неповторливо искуство кое никогаш нема да го заборавам“, пишува на Твитер Дел Потро, еден од најдобрите тенисери на светот.

Инаку 24 годишниот тенисер Дел Потро не ја крие својат вера и секогаш истакнува дека е католик. (го*ко)

Извор ЕФЕ

Категорија: Ватикан, Свет

За авторот

Write a Comment

<