Апостолскиот нунциј во Израел: Папата ќе помогне да растеме во взаемната доверба

Посетата на Папата на Светата Земја ќе ги поттикне христијаните кои живеат во неа за соживот со другите“, ова го изјави Апостолскиот нунциј во Израел, монс. Џузепе Лацарато, во пресрет на Апостолското патување на Папата Фрањо во Јордан, Палестина и Израел, кое започнува на 24 мај.

Ова ќе биде историска посета. Кога кон силниот карактер на папата Фрањо, од кој сите се воодушевуваме, ќе се придодаде решителноста на Вселенскиот патријарх Вартоломеј заедно да се прослави 50- годишнината од средбата на нивните претходници папата Павле VІ и патријархот Атенагора, тогаш тоа е силен знак за желбата да се продолжи заеднички по патот, започнат пред половина век и да се развива.

Папскиот нунциј го коментира однесувањето на израелските и палестинските медиуми за посетата на Папата: „Секако дека очекување е големо, но има и некои несогласувања, кои сепак се изолирани случаи. Очекување е придружувано од големата доверба и надежта во зборовите и гестовите на папата Фрањо, кои можат да вдахнат оптимизам за сите кои имаат потреба од него”.

Во пресрет на посетата на Папата во Ерусалим се регистрирани некои вандалски случаи врз христијански молитвени места, што според нунцијот не треба да предизвикува голема загриженост: „Ова е феномен, се повторува во одредено време, но треба да се нагласи дека станува збор за изолирани случаи. Мнозинството од израелското население има позитивен став кон посетата на Папата и за присуството на христијаните” на тие подрачја.

Монсињор Лацарото гледа со оптимизам кон обновувањето на израелско- палестинскиот дијалог: „Се надевам дека посетата на Папата ќе помогне да се одмрзне тој дијалог, како и сите други. Бројни се луѓето со добра волја и треба нивниот глас да се слушне и врз основа на тоа да се бара взаемна доверба”.

„Господ и провидноста нѐ поставија да живееме заедно на оваа земја и затоа не можеме да живееме одделени. Треба да се научиме да живееме како едно семејство. Да научиме да си посакуваме взаемно добро и да си разменуваме позитивни работи врз кој ќе ја градиме заедничката иднина . Се надевам посетата на Папата ќе биде едно раздвижување и ќе ни помогне да продолжиме да чекориме напред заедно“.

РВ/го*ко

Категорија: Свет

За авторот