Апостолската милостилница понуди престој на бездомна родилка

Апостолската милостилница понуди престој на Романка која се породи на улица во ноќта на 20 јануари 2016 година недалеку од плоштадот Свети Петар. Жената и детето веднаш се префрлени во болницата „Свети Дух“.

Папскиот делител на милостиња, архиепископот Конрад Крајевски веќе долго време ја помага жената, бидејќи е меѓу бездомниците во околината на Свети Петар, кои ги користат хигиенските постојки за бездомници на плоштадот Свети Петар, ставени на нивно располагање по иницијатива на папата Фрањо. Додоека уште била бремена, архиепископот Крајевски и понудил да се пресели во Ватиканската куќа во римската населба Примавале, во која сестрите на Мајка Тереза се грижат за мајки со деца.

Претпладне архиепископот ја посети жената, која се израдува на неговата посета, а архиепископот повторно и понуди, доколку сака, да се смести во спомнатата куќа. Монсињор Крајевски го посети и таткото на детето, исто така од Романија.

РВ/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот