Ново интервју на Светиот Отец

Папата Фрањо ја истакна потребата од спроведување на Вториот ватикански собор (1962-1965) и Црквата решително да се вклучи во дијалог со современиот свет. Тука припаѓа верскиот екуменизам и дијалогот со неверниците, стои во најновото интервју на папата Фрањо дадено за италијанскиот новинар Скалфари. Соборот во тој правец ги направи првите чекори, но покасно многу малку е направено во тој правец. „Со понизност сум решен тоа да го сторам“, изјави Папата во интервјуто објавено во вторник 1 октомври за италијанскиот весник Ла Република (La Repubblica).

Во најновото интервју Светиот Отец зборува за големите проблеми на општеството како што се невработеноста на младите и осаменоста на старите лица. Папата ја истакна потребата од реформи во црковните структури и за таа цел формира совет од осум кардинали со кои ќе се советува. Според Папата Црквата треба да биде „заедница на народот Божји“. Клериците се слуги Божји, а Светат Столица мора, без разлика на важната улога, да служи на Црквата.

Црквата изобилува со светци, а папата Фрањо како посебни за неговиот живот ги издвои: апостол Павле, Августин, Бенедикт, Тома Аквински, основачот на Дружбата Исусова Игнациј од Лајола, како и Фрањо. „Тој сонуваше за една сиромашна Црква, која се грижи за сиромашните, без да мисли на себе. Од тогаш се поминати 800 години и времињата многу се променети, но идеалот за мисионерска и сиромашна Црква сѐ уште важи“ – рече Светиот Отец.

Разговорот со Светиот Отец е направен минатиот вторник во домот Света Марта и целосно е објавен во весникот. Пред неколку недели во истиот весник папата Фрањо и Скалфари разменија отворени писма.

го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот