Апел на Папата за мир во Сирија и ослободување на православните епископи

Ватикан, 24.4.2013 /к.мк/ – На крајот од Генералната аудиенција папата Фрањо упати повторно апел за мир во Сирија и за двајцата православни епископи, чие ослободување сè уште не е потврдено.

Киднапирањето на православните епископи на Алепо, за чие ослободување сè уште има противречни вести, е доказ дека ситуација во која живее целиот сириски народ е драматичната, а насилството и оружјето продолжуваат да сеат смрт и страдање. Се молам двајцата епископи брзо да се вратат во своите заедници и Бог да им ги просветли срцата. Го повторувам апелот, кој го испратив на Пасха, да биде запрено крвопролевањето, да се осигури неопходната хуманитарна помош и да се најде политичко решение на кризата. (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<