Во своето пладневно обраќање пред молитвата Ангел Господов во недела 16 октомври 2022 година, Папата им препорача на верниците постојана молитва за да не залади љубовта кон Бога. Неопходно е секој ден да му посветувае време на Бога, а ако сте многу зафатени, вашето срце може да биде блиску до него со прибегнување кон традиционални кратки молитви, често римувани, рецитирани особено од постарите, кои лесно се паметат и може да се повторуваат почесто во текот на денот.
Ако Господ денес дојде на земјата, за жал, би видел многубројни војни, сиромаштија и нееднаквости, но и големи технички достигнувања, современи средства и луѓе кои постојано брзаат некаде, никогаш не запираат; но дали ќе ги најде оние кои му го посветуваат своето време и љубов, кои го ставаат на прво место? – е прашањето што го постави папата Фрањо во своето пладневно обраќање, осврнувајќи се на пасус од Евангелието во кое Исус загрижено прашува дали при повторното доаѓање ќе најде вера на земјата.
Често се фокусираме на бројни итни, но непотребни работи, преокупирани сме и загрижени за многу споредни реалности; и можеби, без воопшто да забележиме, го занемаруваме она што е најважно и дозволуваме нашата љубов кон Бога да олади.
„Денес Исус ни нуди лек за да ја загрееме млаката вера. Каков лек е тоа? Молитва”
Постојана молитва
Папата молитвата ја нарече лек за верата, освежување на душата, но и препорача молитвата да биде постојана. Како што е терапијата неопходна за лекување, до која мора да се придржува упорно и редовно за да се чувствувате подобро или како што на растението, за да преживее повремено му треба вода, така е и со молитвата.
Не можете да се живее само од силните моменти или повремени интензивни средби, а потоа да потонете во зимски сон. Нашата вера ќе пресуши. Потребна ни е секојдневна вода на молитвата, време посветено на Бога, за да може Он да влезе во нашето време, во нашиот живот; постојани моменти во кои му ги отвораме нашите срца, за да може секој ден да излее во нас љубов, мир, радост, сила, надеж; односно да ја нахраниме нашата вера.
Кратки молитви за брзиот живот
Исус вели дека е неопходно постојано да молиме и никогаш да не се уморуваме, но доколку за тоа нема доволно време, папата Фрањо предлага мудра духовна пракса, иако донекаде заборавена денес, која им е добро позната на нашите постари, особено на нашите баби; тоа се многу кратки молитви кои лесно се паметат, а кои често можеме да ги повторуваме во текот на денот, за време на разни активности, за да останеме „во согласност“ со Господ.
Да дадеме неколку примери. Штом се разбудиме, можеме да кажеме: „Господи, ти благодарам и ти го дарувам овој ден“; потоа, пред да започнеме со каква било работа, можеме да повториме: „Дојди, Свети Духу“; а меѓу едното и другото можеме да се молиме вака: „Исусе, имам доверба во тебе и те сакам“. Кратки молитви кои нè одржуваат во контакт со Господ.
Божјите одговори ни се упатени во Евангелието
Исто како што испраќаме пораки до луѓето што ги сакаме, преку кратки молитвени формули срцето останува поврзано со Бога, кој ни ги дава своите одговори во Евангелието, кое секогаш треба да биде при рака и отворено од сите за да го прими Словото на животот упатено до нас – објасни римскиот епископ и се присети на советот што го дава веќе неколку пати, секој да носи со себе по едно мало џебно Евангелие и често да го отвора и чита. Нека Богородица, верна во слушањето, нè научи на уметноста да се молиме секогаш, без да се измориме – рече на крајот папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк