Ангел Господов: Мирот не е само отсуство на војна. Папата именува 20 кардинали

Мирот не е само отсуство на војна, туку општа состојба во која човекот е во согласност со себе, со природата и со другите. Но, залагањето за престанок на војните е неизбежен услов за исполнување на мирот во неговите различни аспекти – порача папата Фрањо пред пладневна молитва Ангел Господовво недела 4 јануари 2015 година. Светиот Отец потсетувајќи на прологот на Евангелието по Иван – „Светлото вистинско кое го просветлува секој човек, дојде на светот“ – истакна како луѓето многу зборуваат за светло, но често го сакаат лажниот мир на темнината. Многу говориме за мирот, но често прибегнуваме кон војна, избираме соодговорност во тишината или ништо конкретно не правиме за изградба на мирот. Човечкото срце може да го одбие светлото и да ја избере темнината, бидејќи светлото ги открива неговите злодела. Кој прави зло, го мрази светлото. Кој прави зло го мрази мирот – заклучи папата Фрањо.

Потсетувајќи дека ја започнавме новата година со прославата на Богородица и празникот на Светскиот ден на мирот под мотото „Не повеќе робови, туку браќа“, Папата потсети дека неговата желба е да се надвладе експлоатацијата на луѓето кои според неговите зборови е општествена чума која ги усмртува меѓучовечките односи и го блокира заедничкиот живот означен со почит, правда и љубов. „Сите луѓе и сите народи се гладни и жедни за мир, затоа е нужно и итно да градиме мир“ нагласи Светиот Отец, додавајќи:

Помислувам на конфликтите кои со крв ја натопуваат нашата планета, на тензиите во семејствата и заедниците, како и на контрастите во нашите градови меѓу групите на различните културна, етничка или верска припадност. Во колку само семејства, во колку заедници – па и парохии – владее војна! Треба да бидеме уверени и покрај секој спротивен привид дека хармонијата е на сите нивоа и во секоја ситуација можна. Нема иднина без настојувања околу мирот – рече Папата.

Со мирот е поврзано и Божјото ветување преку пророкот Исаија: ќе ги прековаат мечевите свои во плугови, а копјата свои – во српови: народ против народ нема да крене меч и нема повеќе да се учат на војна.“ Мирот е навестен како посебен Божји дар при раѓањето на Откупителот. Во коренот на мирот е молитвата и за него треба постојано да молиме и секој ден да го поддржуваме во ситуациите во кои се наоѓаме. На почетокот на новата година сите сме повикани да ја оживееме надежта која треба да се гледа во конкретни дела на мирот. „Не се согласуваш со тој човек? Изградувај мир.“ Исто така во заедницата, дома, на работа – порача Папата.

Секој од нас треба да прави дела на братство за утеха на ближниот, особено оние кои поминуваат низ искушението на семејни тензии или разновидни несогласувања. „Таквите мали гестови имаат голема вредност: можат да бидат семе кое дава надеж, можат да отворат патишта и перспективи за мирот,“ истакна Светиот Отец, поттикнувајќи да се довериме на Марија, Царицата на мирот која доживејала не малку тешкотии поврзани со напорите на секојдневниот живот, „но никогаш не го изгубила мирот во срцето, плод на цврстото предавање на Божјото милосрдие.“

По молитвата Ангел Господв, Папата ги поздрави ходочасниците и ги објави имињата на 20 архепископи и епископи кои на 14 февруари ќе ги именува за нови  кардинали, од кои 15 со право на избор и 5 без право на глас, поради навршените 80 години од животот. Новите кардинали се од 18 различни земји, од кои 6 досега немале кардинали. Пед кардинали со право на глас се од од Европа, 3 од Азија, 3 од Латинска Америка, 2 од Африка и 2 од Океанијата. Да одговориме на повикот на Папата за молитва за новите кардинали.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот