Американските католици бараат од претседателот Бајден поголема помош за Порторико

Американските католици бараат од претседателот Бајден поголема помош за Порторико

Бискупите од Порторико и американските добротворни организации во заедничкото писмо до американскиот претседател Џо Бајден повикуваат на поголема поддршка за карипската земја.

Во писмото објавено на 17 февруари, од претседателот Џо Бајден побараа да се откаже од тужбата поднесена од претходната администрација со цел да се скратат субвенциите за стари лица и лица со попреченост со ниски или без приходи, т.н. „Додаток на приход од безбедност“ на кој имаат право граѓаните на сите сојузни држави во САД, но не и придружната држава во Големите Антили, која е со посебен статус.

Потписниците на писмото, исто така, бараат целосно финансирање на здравствените програми Medicare и Medicaid за оние со пониски примања, старите лица и децата. Писмото го потпишаа бискупите од Порторико Роберто Гонзалес Нивес и Рубен Гонзалес Медина, американските добротворни организации Catholic Charities USA, Jubilee USA Network, како и хуманитарни организации на други верски заедници. Порторико веќе со години страда од последиците од катастрофалните земјотреси и невреме, како и од тешката економска криза.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Вести, Свет

За авторот