Американските бискупи заедно со повеќе од илјади верски лидери во САД побараа запирање на спроведувањето на четирите смртни казни предвидени за јули и август 2020 година.
Во својот јавен настап, кој го објави Catholic Mobilizing Network, американските епископи порачаа дека целото општество би требало да се фокусира во одбраната на животот, а не на предизвикување на нови смртни случаи и казната не смее да ја исклучи надежта и можноста за рехабилитација. „Како верски лидери на различни традиции, се обраќаме од претседателот Трамп и главниот обивнител Бар со повик да се запрат закажаните погубувања. Додека нашата држава се бори со пандемијата КОВИД – 19, економската криза и систeмскиот расизам, во казнено правниот систем би требало да се концентрираме на заштита и запазување на животот, а не на погубувања“ – порачаа американските епископи заедно со останатите верки лидери, реагирајќи за најавеното спроведување на четирите смртни казни во јули и август во сојузниот затворски комплекс Тере Хауте во Индијана.
На повикот се придружија и илјадници верници католици.
Ватикан њуз/к.мк