Активностите на Папата во текот на летото
Во текот на цел месец јули нема да има генерални аудиенции во среда, како и други ауедиенции. Литургиите со групите верници во домот Света Марта повторно ќе започнат во септември.
Во текот на цел месец јули нема да има генерални аудиенции во среда, кои што повторно ќе започнат да се одржуваат во август во салата Павле VI во Ватикан. Нема да има ниту други аудиенции, освен веќе предвидените аудиенции со движењето Обнова во Духот која ќе се одржи на 3 јули попладне на плоштадот Свети Петар. Единствени јавни настани на Папата ќе бидат неделните пладневни говори.
И на утринските Литургии нема да присуствуваат групите верници во домот Света Марта во текот на јули и август. Повторно ќе започне во септември.
РВ/Д.И.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија:
Ватикан