Азискиот Каритас ја поддржува борбата на Кина против ширењето на корона вирусот и во петок на 31 јануари подготвува конференција на националниот Каритас во главниот град на Камбоџа Пном Пен, со цел создавање заедничка стратегија.
Претседателот на азискиот Каритас, Бенедикт Ало Д’Розарио, во изјава за Ucanews на 29 јануари рече дека Црквата и Каритас соработуваат со државните служби во случаи на природни непогоди. Тој додаде дека персоналот на католичката болница е предупреден да се подготви за епидемијата бидејќи вирусот 2019-nCoV лесно се пренесува од личност до личност, предизвикувајќи заболувања на белите дробови.
Во Кина се пријавени околу 1500 нови случаи преку ноќ, при што вкупниот број на заразени е повеќе од 6000 и над 130 луѓе веќе се умрени. Во Југоисточна Азија, Тајланд е најтешко погоден со досега заразени 14 лица, додека на Филипините забележани се 23 лица. Во меѓувреме, УНИЦЕФ во Кина испрати шест тони резерви, како што се маски за дишење и заштитни костуми, кои пристигнаа во Шангај во средата 29 јануари.
Ватикан њуз/к.мк