Tag "Папа Фрањо"
Генерална аудиенција: Во името на Исус не може да се биде присилен
Продолжувајќи ја катехезата за Посланието до Галатјаните, папата Фрањо на 6 октомври 2021 година, со присутните во салата Павле VI. зборуваше за христијанската слобода.
Светиот Отец основа фондација за здравство
На 6 октомври, папата Фрањо објави своерачен декрет со кој основа „Католичка здравствена фондација“. Целта е да им се даде економска поддршка на црковните здравствени институции, со цел да се зачува харизмата на основачите, вклучување во мрежата на слични заслужни црковни структури, а со тоа и нивна исклучиво добротворна цел, во согласност со социјалната наука на Црквата.
Во Лисабон е објавен датумот за Светскиот ден на млади во 2023 година
Следниот Светски ден на млади во Лисабон ќе се одржи од 1-6 август 2023 година. Главниот град на Португалија и сите 21 бискупии во земјата очекуваат млади поклоници од целиот свет. Веќе 400 волонтери започнаа да работат на подготовките.
Религиите и образованието за свет на универзално братство
Обраќајќи им се на учесниците, папата Фрањо во Ватикан го отвори состанокот „Религиите и образованието: Кон глобален образовен пакт“. „За нас“, рече Папата, „важна е целата формација, која не е само знаење за себе, туку и за братот, создаденото и трансцендентното, бидејќи од новите генерации не можеме да ги скриеме вистините што даваат смисла на живот“. Придонесот на верското образование за соживотот беше во центарот на говорот на патријархот Вартоломеј.
Папата Фрањо ги собра стручњаците, и верските лидери во пресрет на конференцијата за климатските промени
Папата Фрањо собра во Ватикан научници, стручњаци и верски лидери на средба за Верата и науката во текот на која од аспект на конференцијата за климатските промени треба да се одржи во ноември во Глазгов, а е потпишан и Заеднички апел. Папата на учесниците им го врачи својот напишан говор во кој поттикнува на усвојување на однесувања и делувања засновани на меѓузависноста и сооговорноста со цел спротивставување на „семето на конфликтите“ кое предизвикува рани на животната средина и на човечката
Папата Фрањо до аргентинските судии: Каде има глад нема демократија
Во видео пораката која ја испрати до судиите од аргентинскиот капитол на Панамериканскиот одбор за социјални права и францисканска наука, Папата истакна дека богатството на светот се повеќе оди во корист на неколкумина.
Папата упати помош за настраданите во поплави и пожари
Папата Фрањо упати финансиска помош за настраданите во поплавите во Јужен Судан и пожарите во Грција, објави на 4 октомври Канцеларијата за печат на Светиот Престол.
Вдахновени од блаженствата, треба да создадеме движење против „глобализацијата на рамнодушноста“
Во пораката по повод средбата со Папската академија за општествени науки, папата Фрањо го нагласи духот на сиромаштвото како начин да се обезбеди среќа на поединци и народи. Неограничената потрага по профит и богатство, пишува тој, создава сиромаштво, нееднаквост и конфликти.
Папата Фрањо моли за прекин на насилствата во Еквадор и мир во Мјанмар
По молитвата Ангел Господов на 3 октомври 2021 година, папата Фрањо се молеше за мртвите и ранетите во Еквадор, во насилствата што избија во затворот и за дарот на мир во Мјанмар. Ги спомна и новите блажени и ги охрабри да се моли света Бројаница овој месец, кој е посебно посветен на Пресвета Богородица.
Ангел Господов: Нашата кревкост не е пречка, туку можност
Во обраќањето до верниците пред молитвата Ангел Господов на 3 октомври 2021 година, папата Фрањо објасни дека за да се прими Господ, потребно е да се признае сопствената маленкост и потреба од него. За Бога, кревкоста не е пречка, туку можност – охрабри Светиот Отец.