Tag "Папа Фрањо"
Патувањето на Папата во Либан е хипотеза која се проучува
Ова се зборовите на директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, по објавата на либанскиот претседател Аун на Твитер за патувањето на Папата во таа земја.
Молитвената накана на Папата за април е посветена на здравствените работници
Молитвената накана на Папата за април 2022 година, објавена од Папската светската молитвена мрежа преку видео порака, е посветена на здравствените работници кои беа во првите редови во борбата против пандемијата во последните две години.
Светиот Престол повикува да се заштитат жртвите на трговија со луѓе
Постојаниот набљудувач на Светиот Престол при Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) ја потврди итната потреба од поефикасни системи за заштита на жртвите на трговија со луѓе, во услови на зголемена загриженост за жените и децата кои бегаат од Украина.
Кардиналот Турксон е нов канцелар на Папските академии на науките
Папата Фрањо го именува кардиналот од Гана, Петер Турксон (73), за канцелар на Папската академија на науките и на Папската академија за општествени науки, соопшти на 4 април Канцеларијата за печат на Светиот Престол.
Папата Фрањо се заблагодари на Богородица за завршеното патување на Малта
Папата Фрањо во молитва се заблагодари пред иконата на Пресвета Богородица на која ѝ го довери своето 36. Апостолско патување во странство.
Папата Фрањо: Подготвен сум да направам сѐ што е потребно за да запре оваа војна
Говорејќи пред новинарите на летот од Малта до Рим, Папата ги сподели своите размислувања за ужасите на војната и одговараше на прашања за можноста за патување во Киев. Според обичајот, враќајќи се од Апостолското патување во Малта, папата Фрањо одржа прес-конференција за посетата и актуелни настани во светот. Првото прашање го постави претставник на малтешкиот печат, кој се заблагодари за посетата и праша за неговото здравје. Како одговор Светиот Отец рече дека има проблем со коленото што го спречува да
Заврши Апостолското патување на папата Фрањо во Малта
Апостолското патување на папата Фрањо на Малта заврши по прошталната церемонија на меѓународниот аеродром во Малта во недела, 3 април 2022 година.
Папата од Малта: Однесувајте се човечки кон мигрантите
Папата Фрањо го заврши своето апостолско патување во Малта со средба со околу 200 мигранти во Центарот „Иван XXIII. Мировна лабораторија“ во Хал Фаро. „Не смееме да ги гледаме луѓето како бројки. Да замислиме дека нашите деца се во тие чамци. Слушајќи две сведоштва, Папата спомна илјадници луѓе кои бегаат од Украина поради неправедната и дива војна.
Папата повторно поттикна на молитва за Украина
Во пладневното обраќање на крајот од светата Литургија во недела 3 април 2022 година, која Папата ја служеше на Пјацале деи Гранаи во Флоријана, папата Фрањо им се заблагодари на Малтежаните за нивниот пречек и ја повтори хуманитарната трагедија на измачената Украина. Тој посебно ги поттикна младите да се заљубат во Христа и да не ги заборават своите баби и дедовци; трошејќи се за љубовта, нѐ прави да бидеме слободни.
Папата Фрањо ја посети пештерата и базиликата Свети Павле
Вториот воедно последен ден од апостолското патување на Малта Светиот Отец започна со посетата на пештерата и базиликата на Свети Павле во Рабат каде се присети на бродоломот на апостолот и „несекојдневното човекољубие“ кое го доживеал на островот. Таа срдечност и сочувствување мора и ден денес да бидат живи во прифаќањето на оние кои во ова време морските бранови ги доведуваат на брегот на Малта, нагласи Папата.