Tag "Папа Фрањо"
Порака на папата Фрањо за 72-та Национална литургиска недела
Во Салерно, Италија во понеделник на 22 август 2022 година е отворена 72-та Национална литургиска недела. Иницијативата ја промовира Центарот за литургиски активности, а кардиналот Пиетро Паролин во името на папата Фрањо до учесниците испрати порака во која посака плодно продлабочување на реалноста на црковните служби.
Објавени се логото и мотото за патување на папата Фрањо во Казахстан.
Во вторник 23 август 2022 година Ватикан ги објави мотото и логото за посетата на папата Фрањо во Казахстан, од 13 до 15 септември. Мотото гласи: „Гласници на мирот и единството“, а е напишано на казакстански на врвот на логото и на руски на долниот дел.
Ангел Господов: Поминете низ „тесната врата“ служејќи му на Бога и на другите
Говорот на Папата пред молитвата Ангел Господов на 21 август 2022 година го пренесуваме во целост.
Папата изрази загриженост за Никарагва
По молитвата Ангел Господов, папата Фрањо изрази загриженост за растечките тензии во Никарагва, каде владата наметнува дополнителни ограничувања за локалната Црква.
Папата: Задачата на христијаните е споделување и близина
По повод отворањето на 43-тото издание на Митингот организиран од движењето Comunione e Liberazione, , на 20 август папата Фрањо испрати порака потпишана од државниот секретар, во која ги охрабрува христијаните да негуваат општествено пријателство, а не со држење лекции од балконите, туку со излегување на улица за споделување на секојдневниот напор на живот да се подржи со сигурна надеж.
Папата Фрањо упати сочувство за пожарот во Коптската црква во Египет
Папата Фрањо изразува сочувство до Коптската православна црква по пожарот во црква во Гиза, Египет, во кој загинаа најмалку 41 лице, меѓу кои еден епископ и неколку деца.
Надбискупот Пеци: Патувањето на Папата во Казахстан е важно за руските католици
Со ходочасите во Казахстан руските католици ја изразуваат својата љубов и посветеност на папата Фрањо, по повод неговото патување во Нур-Султан, главниот град на Казахстан, каде ќе учествува на Конгресот на лидерите на светските религии. Ова во интервју го истакна пастирот на надбискупијата Мајка Божја во Москва, надбискупот Паоло Пеци.
Папата на Богородица ѝ ја довери Украина и судбината на светот
Непосредно пред крајот на Генералната аудиенција, папата Фрањо уште еднаш повика да не се заборави војната во Украина и, споменувајќи го традиционалното ходочастие во светилиштето во Честохова, каде верниците заминуваат во ова време во Полска, се сети на бројните Украинци кои се примени во таа земја.
Генерална аудиенција: Сојузот меѓу постарите и децата ќе го спаси човештвото
На Генералната аудиенција, одржана во салата Павле VI, Папата продолжи со серијата размислувања за староста; веродостојно е сведочењето што постарите можат да го дадат на децата и младите, бидејќи гледа во хоризонтот на нашата дестинација. Штетно е денес кога се гледа одвоеност меѓу животните возрасти, како да се натпреваруваат меѓу себе.
Папата: Марија ни кажува дека вистинската моќ е служењето, а да се владее значи да се љуби
Во пладневното обраќање на празникот Вознесение на Пресвета Богородица, Папата зборуваше за значењето на химната на Мајката Исусова „Величај“, која ни ја пренесува Евангелието според Лука и која зборува за Божјото дело во историјата и исто така навестува пресврт на вредностите, пророкувајќи што ќе каже Исус. На прво место не се моќта, успехот и парите, туку служењето, понизноста, љубовта. Марија е првото создание кое со тело и душа победнички ја помина целта, Небото.