Tag "Папа Фрањо"

Врати се на почетна
Ватикан Вести

Ангел Господов: Лакомството е зло што го уништува човекот

Пред молитвата Ангел Господов на 31 јули 2022 година Папата се освнра на литургиското Евангелие кое зборува за лакомството. Говорот на Папата го пренесуваме во целост.

Ватикан Вести

Папата се заблагодари на Дева Марија за заштитата на ходочастието во Канада

Папата Фрањо се врати во Рим и неговото апостолско патување во Канада го заврши со посета на базиликата Света Марија Велика за да се заблагодари на Бога што го благослови неговото „покајничко поклонение“.

Ватикан Вести

Папата ги охрабри младите Инуити

Во Икалуит на Арктичкиот Океан, папата Фрањо слушаше сведоштва за страдањата на домородните деца во резиденцијалните училишта и уште еднаш побара прошка за „злото“ – охрабрувајќи ги потомците на жртвите.

Ватикан Вести

Папата до домородните народи: По интензивни денови се враќам збогатен дома

Последната средба на Папата во Квебек беше со делегација на домородните народи во надбискупската резиденција, каде што Светиот Отец им ги довери искуствата од „покорничкото ходочастие“ и патот на исцелување и помирување на три свети жени: Света Ана, Дева Марија и Света Катери Текавита.

Ватикан Вести

Папата повика да се гради веродостојна Црква без да подлегне на песимизмот

На Вечерната молитва во катедралата Нотр Дам де Квебек, во четврток, 28 јули, папата Фрањо ги повика бискупите, свештениците, ѓаконите, лицата со посветен живот, семинаристите и пасторалните работници да сведочат со своите животи, да го промовираат братството и да се соочат со секуларизација со „пастароланата креативност“.

Ватикан Вести

Папата: Исус нека ни го покаже патот до исцелување и помирување

Во четврток, 28 јули, папата Фрањо служеше света Литургија за помирување со илјадници ходочасници во Националното светилиште Света Ана во Бопре, покровителка на Квебек, поканувајќи ги верниците да го продолжат тешкиот пат на исцелување и помирување.

Ватикан Вести

Папата предупреди на идеолошката колонизација

Како дел од „покајничкото ходочастие“ во Канада, во средата на 27 јули во Квебек, папата Фрањо се сретна со граѓанските власти, дипломатскиот кор и претставниците на домородното население и во говорот го изрази својот длабок срам и тага, барајќи прошка за злото што христијаните им го направиле на домородните народи.

Ватикан Вести

Папата Фрањо во Квебек се сретна со гувернерката Симон и премиерот Трудо

На четвртиот ден од „покајничкото ходочасите“ во Канада, 27 јули, папата Фрањо ја напушти Алберта и по четиричасовен лет пристигна на меѓународниот аеродром Жан Лесаж во Квебек.

Ватикан Вести

Папата замина од Едмонтон за Квебек

Папата Фрањо го напушти Едмонтон и замина во посета на источниот дел на земјата, по првите денови на средби и славења, придружени со барање за прошка од домородните заедници. Пристигнувањето во Квебек е предвидено за среда 27 јули 2022 година во 21.00 часот по средноевропско време

Ватикан Вести

Домородните народи и бабите се скапоцени богатства на Црквата

По светата Литургија во Едмонтон на празникот на светите Јоаким и Ана, папата Фрањо ја предводеше службата на Словото кај езерото Света Ана – едно од најзначајните места за домородните народи во Северна Америка. Во својата проповед Папата истакна дека домородните народи, бабите и дедовците се скапоцено богатство на Црквата.