Tag "Папа Фрањо"
Папата: Украина доживува брутално страдање, секогаш е во нашите срца
По катехезата на Генералната аудиенција, папата Фрањо ги спомна страдањата од војната во Источна Европа и пред иконата на Пресвета Богородица се помоли за мир, икона која им е мила на Украинците и Белорусите. Во поздравот до полските ходочасници го спомна примерот на Бенедикт XVI: „Нека неговата вера ве поттикне на духовен раст заснован на вистината на Евангелието“.
Папата на Генералната аудиенција: Посланието е кислородот на христијанскиот живот
На Генералната аудиенција, папата Фрањо ја започна новата серија катехези посветени на „љубовта кон евангелизацијата“; радосното навестување на Евангелието до крајните граници на планетата е животна димензија за Црквата, почнувајќи од сопствената средина, без прозелитизам, туку со привлечност, како што поучуваше Бенедикт XVI.
Папата жали за смртта на кардинал Пел
Папата Фрањо испрати телеграма со сочувство за смртта на кардиналот Џорџ Пел, кој, како што вели, „непоколебливо го следел својот Господ со истрајност дури и во часот на искушение“. Папата Фрањо потсети на „доследното и посветено сведоштво на починатиот кардинал Џорџ Пел, неговата посветеност на Евангелието и на Црквата, а посебно на неговата вредна соработка со Светиот Престол за нејзината неодамнешна економска реформа, за која тој ги постави темелите со решителност и мудрост .“ Папата телеграмата со сочувство за смртта
Сочувство на Папата за сообраќајната несреќа во Сенегал
Папата Фрањо во телеграма ја изразува својата близина во врска со трагедијата што се случи во неделата вечерта во Сенегал. Претседателот Сал бара да се преземат мерки за да се обезбеди безбедност на јавниот транспорт во земјата често погодена од слични трагедии
Папата во аудиенција ја прими претседателката на италијанската влада
Во вторник, 10 јануари 2023 година, Светиот отец Фрањо ja прими во аудиенција премиерката на Италија, Џорџија Мелони, соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол.
Папата: Соочени со нуклеарната закана, заедно да градиме мир
Во говорот пред Дипломатскиот кор при Светиот Престол, папата Фрањо повика на прекин на „бесмислениот конфликт“ во Украина и укинување на смртната казна, почнувајќи од Иран. Повторно го истакна решението за двете држави во Светата Земја и поттикна целосно разоружување: „Сите ние сме губитници од нуклеарната закана“. Тој ја изрази својата загриженост за ситуацијата во Бразил и другите места каде што има тензии поради поларизацијата.
Папата моли за мајките од Украина и Русија кои ги загубија своите деца во војната
На крајот од неделната молитва Ангел Господов, папата Фрањо потсети на мајките од Украина и Русија кои ги загубија своите деца поради војната. Тој поттикна да бидеме во молитва со оние што страдаат и во молитва за крај на војната
Ангел Господов: Божјата правда не е казна, туку милост што спасува
Да го делиме товарот еден со друг, да се гледаме со сочувство, да си помагаме, да не се делиме, туку да споделуваме со другите; така христијаните се повикани да ја вршат правдата во Црквата и во општеството. Во своето пладневно обраќање, папата Фрањо зборуваше за посланието на Исус: да не ги осудува грешниците, туку да ги спаси грешниците и да ги направи праведни.
Папата крсти 13 деца: Денот на крштението е како роденден
На празникот Крштение Господово, папата Фрањо во Сикстинската капела крсти тринаесет деца на вработени во Ватикан. Во кратката проповед што ја одржа без однапред подготвен текст, Папата ги поттикна родителите и кумовите да ги придружуваат малите на патот на верата: „Учете ги да се молат веќе од сега, бидејќи молитвата ќе им даде сила за целиот нивен живот.”
Папата: Во верата се оди заедно
„Духовна придружба“ е насловот на катехезата со која завршува серијата посветена на темата расудување. Папата Фрањо истакна дека е важно да не чекориме сами во христијанскиот живот и да споделуваме со некој тоа што сме, а не да ги сопствените ограничувања.