Tag "Папа Фрањо"
Генерална аудиенција: Во моментите на тешкотии и радост, да се обратиме кон Марија, нашата мајка
Свети Хуан Диего бил скромна личност, „Индијанец од народот“, поради тоа станал „гласник на Пресвета Богородица од Гвадалупе“. На него, рече Папата, почива погледот на Бога и Марија, кои ги сакаат најмалите: „Богородица е секогаш блиску до нас да нѐ утеши и да ни даде сила да продолжиме понатаму“. Свети Хуан Диего е сведокот за кој зборуваше папата Фрањо на Генералната аудиенција во среда, 23 август 2023 година, продолжувајќи ја серијата катехези посветени на апостолската ревност.
Папата Фрањо работи на вториот дел од енцикликата Laudato si’
Директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Матео Бруни, изјави дека вториот дел од енцикликата Laudato si’, која папата Фрањо ја спомна во понеделник, 21 август, на аудиенција со делегација на правници од земјите-членки на Советот на Европа, ќе се фокусира на актуелната климатска криза
Папата Фрањо го напиша предговорот за автобиографијата на Дороти Деј
Папата Фрањо го напиша предговорот за автобиографската книга за животот на Дороти Деј со наслов „Го најдов Бог преку неговите сиромашни“. Од атеизам до вера: моето внатрешно патување“ во издание на Ватиканската издавачката куќа – ЛЕВ. Дороти Деј (1897-1980) е основачка на Католичкото работничко движење, новинарка, писателка, пацифист и активист, запаметена по нејзиното застапување за сиромашните и социјалната правда.
Папата се сретна со делегација правници од земјите членки на Советот на Европа
Папата Фрањо во Ватикан се сретна со делегација правници од земјите членки на Советот на Европа и по тој повод најави дека го пишува вториот дел од енцикликата Laudato si’. Тој ја осуди тенденцијата да се бараат сè повеќе индивидуални права. Без да се бара вистината за човекот според Божјиот план, рече тој, секој станува мерило за себе.
Папата ги повика христијаните заедно да сведочат за Евангелието
Светиот Отец испрати телеграма до Унијата на методистичката и валдензанската црква по повод нивната Синода, кој оваа недела се одржува на северот на Италија
Ангел Господов: Повикани сме да бидеме отворени за промени
Папата Фрањо од прозорецот на својата работна соба во Апостолската палата молеше Ангел Господов со верниците и ходочасниците собрани на плоштадот Свети Петар.
Папата Фрањо моли за мир и благосостојба на сите во Нигер
Папата Фрањо го обедини својот глас со бискупите на Нигер во повикот за мир во земјата и упати молитви за напорите на меѓународната заедница да се најде мирно решение што е можно поскоро за доброто на сите луѓе во Нигер и регионот Сахел.
Папата: Трошоците за оружје да се претворат во хуманитарна помош
На Светскиот ден на хуманитарната помош, кој се слави на 19 август, папата Фрањо објави Твитер порака на својот профил @Pontifex во кој повика да се положи оружјето со цел да се поттикне културата на помагање на оние на кои им е најпотребна, кои поради војни или природни катастрофи, во моментот се повеќе од 130 милиони. Бројот на немили настани во кои се вклучени хуманитарните работници ширум светот се зголеми за повеќе од три пати од 2003 година, со годишен
Папата до учесниците на средбата во Римини: Пријателството ја гради историјата
Во пораката испратена по повод 44. Средба за пријателство меѓу народите, Светиот Отец ги повикува учесниците на овој настан да бидат отворени кон другите, без никого да исклучуваат.
Папата Фрањо го прими во аудиенција претседателот на Мадагаскар
Во четврток, 17 август 2023 година, папата Фрањо се сретна со претседателот на Мадагаскар Андри Нирин Рајоелин во Ватикан и потсети на неговата апостолска посета на таа земја во 2019 година.