Tag "Папа Фрањо"
Папа Фрањо: Да се одбие Господовата бесплатност е грев на сите нас
Господ нè повикува на слава која е средба со Него, но поради нашето одбивање ги повикува сиромашните и хромите од плоштадите како би уживале во вечерата која ја подготвил – рече папата Фрањо во вторник 5 ноември 2019 година во проповедта за време на литургијата во домот Света Марта.
Папата: Потребна е формација која го промовира општото добро
На средбата со учесниците на конференцијата на Меѓународната федерација на католичките универзитети, папата Фрањо поттикна на формација која промовира општо добро. Треба да се надмине наследството на просветителството, рече Папата, усогласувајќи го говорот со разумoт, срцето и рацете
Папата Фрањо: Воскресението е смисла и цел на животот
о проповедта на светата Литургија за кардиналите и епископите кои починаа во оваа година, Папата истакна три размислувања за воскресението на кое е повикан секој христијанин – рече Папата. Да дозволиме барем еден од тие поттици да нѐ предизвика; да се усогласиме со желбата на Исус, воскреснатиот и живиот, како од денешницата би направиле зора на воскресението. Во 2019 година починаа 13 кардинали и 147 епископи.
Ангел Господов: Да дозволиме да нѐ менува Исусовиот поглед
Пред денешната молитва Ангел Господов, папата Фрањо се осврна на евангелието од денешната Литургија, концентрирајќи се на ликот на началникот на цариниците Закхеј од Ерихон, кој бил преобразен од Исусовиот поглед во личност која е способна бесплатно да љуби. Имено, Бог го осудува гревот, а грешникот настојува да го спаси – потсети Папата.
Папата се моли за жртвите во Етиопија
По завршувањето на молитвата Ангел Господов, папата Фрањо истакна дека е ожалостен за насилството врз христијаните во Етиопија
Ангел Господов: Има многу светци луѓе кои живееле во наша близина
На денешниот празник Сите Светии, Папата се спомна на бројните сведоци кои живеат во наша близина, а кој се одраз на Божјата присутност
Папата ги повика верниците да не ја занемарат молитвата на гробовите
Поздравувајќи ги собраните верници на плоштадот Свети Петар во Ватикан, меѓу кои беа и учесниците на “Трката на светиите“, папа Фрањо потсети на значењето на празниците Сите Светии и Задушница
Генерална аудиенција: Христијанството во Европа дојде од Македонија
Коментирајќи го делот од Делата на светите апостоли, папата Фрњо на Генералната аудиенција во среда потсети дека оваа година во мај ја посети Македонија, затоа на аудиенцијата со голема наклонетост се присети на патувањето во таа земја, затоа што го прими многу тополо и со вера. Таму започнува процесот на инкултурацијата во Европа, која трае уште и денес.
Папата моли за мир во Ирак: Треба да се слушне крикот на Ирак и да се пронајде решение
На крајот од Генералната аудиенција во среда 30 октомври 2019 година папата Фрањо молеше за мир во Ирак, каде неколку недели се протестира против корупцијата и невработеноста, при што има многу загинати и ранети.
Папа Фрањо: Христовата љубов не е како онаа од сапуница
На утринската света Литургија во Домот Света Марта Папата ги поттикна верниците да ја сфатат нежноста на Божјата љубов во Исус кон секој од нас; само така, рече, навистина ќе ја разбереме Христовата љубов