Папата ги повика верниците да не ја занемарат молитвата на гробовите

Папата ги повика верниците да не ја занемарат молитвата на гробовите

Поздравувајќи ги собраните верници на плоштадот Свети Петар во Ватикан, меѓу кои беа и учесниците на “Трката на светиите“, папа Фрањо потсети на значењето на празниците Сите Светии и Задушница

Овие денови, кога за жал кружат и пораки на негативна култура за смрт на починатите, ве повикувам сите, ако тоа е можно, да не ја занемарите посетата и молитвата на гробиштата. Тоа ќе биде знак на вера – е повикот на папата Фрањо кој го упати до верниците после маријанската молитва Ангел Господов на празникот Сите Светии.

Два празника кој ги поврзува небото и земјата

Светиот Отец посебно ги поздрави тркачите, учесниците на „Трката на светиите“, која беше организира од Мисионерската фондација Дон Боско, и го истакна верското значење на празникот Сите Светии. Освен тоа, заблагодари на бројните парохии и заедници, кои овие денови промовираат молитвени иницијативи.

Спомнувајќи се на утрешниот ден, Папата напомена дека овие два празника потсетуваат на врската која постои помеѓу Црквата на земјата и онаа на небото, помеѓу нас и нашите сакани покојни, кои преминаа во другиот живот. На крајот најави дека утре после пладне во Катакомбите на Прискила ќе служи света Литургија, местото каде биле погребувани првите христијани.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот