Tag "Папа Фрањо"

Врати се на почетна
Ватикан Вести

Папата: Спортот е способен да ги лекува раните и воспоставува пријателски врски

Папата Фрањо се заблагодари на прваците на разни спортски дисциплини кои учествуваа во хуманитарната аукција насловена „Трчаме заедно“ (We run together), организирана со цел помош на болниците во италијанските градови Бергамо и Бреша во сузбивање на болеста Ковид-19.

Вести Свет

Монс. Славко Вечерин именуван за Суботички бискуп

Светиот Отец го прифати повлекувањето од пасторалното водство на Суботичката бискупија, кое поради исполнета канонска возраст ја поднесе бискупот монс. д-р Јанош Пензеш и го именува монс. Славко Вечерин, свештеник на Суботичката бискупија и досегашен генерален викар, соопшти Канцеларијата за печат при Светиот Престол на празникот Раѓање на Пресвета Богородица, во вторник 8 септември 2020 година.

Вести Свет

Светиот Отец го именува монс. Милан Стипиќ за епископ на Крижевската епархија

Апостолската нунцијатура во Република Хрватска објави дека папата Фрањо на празникот Раѓање на Блажена Дева Марија, 8 септември го именува досегашниот апостолски управител на Крижевската епархија Милан Стипиќ за нов епископ на единствената источно католичка бискупија во Хрватска, Босна и Херцеговина и Словенија.

Ватикан Вести

Ангел Господов: Озборувањето е чума полоша од Ковид

За да се исправи братот, кој згрешил Исус советува педагогија на исправање, а не обвинување и осуда. Ова го истакна папата Фрањо на 6 септември 2020 година во говорот пред молитвата Ангел Господов. Говорот на Светиот Отец го пренесуваме во целост.

Ватикан Вести

Папата Фрањо: Бог има замисла за мир во Либан

Како што најави папата Фрањо за време на Генералната аудиенција, во петок 4 септември во Бејрут по повод „Денот на молитва и пост за Либан“ го предводеше кардинал Пиетро Паролин. Ти го доверуваме Либан како би го исполнил својот повик за мир и братство – стои во молитвата на папата која ја прочита кардинал Паролин.

Вести Свет

Папата го именува отец Румен Станев за помошен епископ на Софиско-Пловдивската бискупија

Папата Фрањо на 5 септември 2020 година го именува отец Румен Иванов Станев, поранешен парохиски свештеник во црквата „Свети Михаил Архангел“ во Раковски, за помошен епископ на Софиско-Пловдивската бискупија, со титуларно седиште на Симидика.

Ватикан Вести

Папата ќе објави нова енциклика со наслов „Сите сме браќа“

Папата Фрањо во сабота 3 октомври 2020 година ќе го посети италијанскиот град Асизи, каде ќе ја потпише својата нова енциклика со наслов „Сите сме браќа“, во која пишува за братството и социјалното пријателство, соопшти на 5 септември 2020 година Канцеларијата за печат при Светиот Престол.

Ватикан Вести

Папата го прими претседателот на Меѓународниот кривичен суд

Во четвртокот 3 септември 2020 година во Ватикан папата Фрањо го прими во приватна аудиенција претседателот на Меѓународниот кривичен суд (ICC) Чилеа Ебое-Осуји.

Ватикан Вести

Папата најави ден на молитва и пост за Либан

На крајот од Генералната аудиенција во среда 2 септември 2020 година одржана во дворот Свети Дамас во Ватикан, папата Фрањо најави дека на 4 септември ќе се одржи ден на молитва и пост за Либан.

Ватикан Вести

Генерална аудиенција: Солидарноста е патот за излез од кризата

На Генералната аудиенција во среда 2 септември 2020 година, која започна повторно да се одржува со присуство на верниците во дворот Свети Дамас во Апостолската палата во Ватикан, папата Фрањо повика на размислување за времето после пандемијата од коронавирусот во смисла на општо добро и избегнувајќи површни промени. Катехезата на Папата ја пренесуваме во целост.