Папата Фрањо се заблагодари на здравствените работници

Папата Фрањо се заблагодари на здравствените работници

Светиот Отец на 21 ноември испрати видео порака во која изрази благодарност на аргентинските здравствени работници за нивното несебично служење на болните за време на пандемијата од „Ковид-19“.

„Вие сте неопеаните херои на оваа пандемија. Колкумина од вас ги дадоа своите животи за да бидете близу до болните! Ви благодарам за близината, ви благодарам за нежноста, ви благодарам за професионалноста со која се грижите за болните“ – рече Папата. Тој изрази благодарност по повод Националниот ден на медицинските сестри и празникот Пресвета Богородица на здравјето (21 ноември) и Денот на лекарите (3 декември).

„Сакам да бидам близу до сите лекари и медицински сестри“, рече папата Фрањо, „посебно во ова време кога пандемијата нѐ повикува да бидеме поблиску до мажите и жените кои страдаат“.

„Се молам за вас, со сето свое срце го молам Господ да го благослови секој од вас, вашето семејство и да ве придружува во вашата работа и проблемите со кои може да се соочите. Господ нека биде близу до вас, како што вие сте блиски со болните. И не заборавајте да се молите за мене“ – рече на крајот од пораката папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот