Tag "Папа Фрањо"
Генерална аудиенција: Светоста доаѓа од Светиот Дух
На Генералната аудиенција во среда 1 септември 2021 година, папата Фрањо предупреди на крутоста зад која секогаш стои нешто лошо и потсети дека светоста доаѓа од Светиот Дух.
Папата одобри три декрети за започнување на процеси за блажени
Папата Фрањо ги одобри Декретите за херојските крепости на Божјите слуги Енрихета Белтраме Кватрочи, ќерка на брачната двојка прогласени за блажени во 2001 година, фрањевецот Пласидо Кортезе, кој почина од тортурата нанесена од Гестапо и младата мајка Кристина Села Мочелин.
Папата разговара со основачот на Свети Егидиј за прашања поврзани со сиромаштијата
Во понеделник 30 август 2021 година папата Фрањо го прими во приватна аудиенција основачот на Католичката заедница Свети Егидиј, Андреја Рикарди (71). Според организацијата, поводот бил претстојниот празник на заштитникот на заедницата, Свети Егидиј, кој Црквата го празнува на 1 септември. Меѓу другото, на средбата е разговарано за растечката сиромаштија поврзана со пандемијата меѓу семејствата и старите луѓе – и што може да се направи.
Папата: Не дозволувајте индивидуализмот и рамнодушноста да ви пречат во делувањето
На денешното сиромаштво на вредности и индивидуализам кои поттикнуваат осаменост и отфрлање, христијаните треба да се одговорат придвижувајќи се кон отвореност и подготвеност за сите работи да ги направат нови. Тоа е поттикот на папата Фрањо кој го упати го епископите на неколку италијански покраини, собрани до 31 август во Беневенто со цел да се донесе план за ревитализација на територија.
Помош од папата Фрањо за католичка болница во Либерија
Либерија доби медицинска помош од Светиот Престол.
Папата Фрањо: Посвојувањето е христијанска одлука што ве прави плодни
Папата Фрањо ги споделува своите размислувања за плодноста на брачната љубов, која се гледа и преку отвореноста кон животот што треба да се роди и во подготвеноста да се грижи за друг живот.
Папата Фрањо предупреди на опасноста од надворешна религиозност
Во пладневното обраќање пред молитвата Ангел Господов, во последната недела во август, Папата ги предупреди верниците за опасностите од надворешна религиозност и дека трошењето време за обвинување ги другите е губење време. Стануваме лути, злобни и го држиме Бог подалеку од нашите срца. На овој начин се загадува светот.
Папата Фрањо повика на молитва и пост за Авганистан
Во своето пладневно обраќање, Папата ги охрабри верниците да направат гестови на солидарност кон цивилите во Авганистан, посебно кон жените и децата, жртви на насилство и атентатите извршени во последните денови. „Нека и понатаму се следат потребите и да се молиме дијалогот и солидарноста да доведат до мирен и братски соживот“.
Папата ги повика политичарите да се фокусираат на промовирање на интегрален човеков развој и мир
На 27 август 2021 година Папата Фрањо ги прими во аудиенција членовите на Меѓународата мрежа на католички законодавци (Catholic Legislators Network), и притоа истакна дека потребно е внимателно законодавство за да се управува со развојот и примената на технологијата за општото добро.
Папата Фрањо се сретна со делегација на движењето „Лаудато си“
Претставниците на Движењето „Лаудато си“ разговараа со папата Фрањо за својата мисија во Црквата.