Tag "Папа Фрањо"
Папата Фрањо: Кипар има вроден повик за средба
Обраќајќи им се на претставниците на владата, граѓанското општество и дипломатскиот кор на 2 декември 2021 година во Претседателската палата во Никозија, главниот град на Кипар, папата Фрањо истакна дека Кипар, како раскрсница на цивилизациите, има вроден повик за средба.
Папата до Црквата во Кипар: Ни треба Црква која може да биде трпелива и братска
Првиот настан од апостолското патување на папата Фрањо на Кипар беше средба со претставници на локалната католичка заедница.
Кипарскиот претседател се заблагодари на Папата за „историската посета“
Во пресрет на пристигнувањето на Папата, кипарскиот претседател Никос Анастасијадис изрази уверување дека Светиот Отец ќе има многу пораки за оние на кои им е потребна. Во интервју за Радио Ватикан, тој изрази благодарност за посетата на папата Фрањо.
Кипар го пречекува папата Фрањо
На првиот ден од престојот на Кипар, папата Фрањо ќе се сретне со локалното свештенство и катехисти, ќе го посети шефот на државата и ќе се сретне со претставници на властите и дипломатскиот кор. Татковината на свети апостол Варнава по втор пат го пречекува Наследникот на свети Петар. Во 14.52 часот по локално време, авион со папата Фрањо слета на меѓународниот аеродром во Ларнака, главниот аеродром на островот. Неговиот претходник Бенедикт XVI беше првиот папа што стапна на Кипар од
Папата: Недостатокот на почитување на границите ја намалува човечност
Папата Фрањо упати порака по повод 70 годишнината на Меѓународната организација за миграција, која ја прочита Папскиот државен секретар Пиетро Паролин, а во која Светиот Отец го осудува искористувањето на мигрантите како средство за размена и жртви на политички натпревар. Освен тоа ја поттикнува меѓународната заедница итно да се соочи со причините за нерегулираната миграција затоа што со повеќе легални патишта помала е веројатноста дека мигрантите ќе бидат вовлечени во криминални мрежи на трговци со луѓе.
Папата го довери своето патување во Кипар и Грција на застапништво на Богородица
Во пресрет на 35. Апостолско патување, папата Фрањо по традиција се помоли пред иконата на Богородица, спасение на римскиот народ.
Од вљубеност до зрела љубов: Порака на Папата до свршениците
Продолжувајќи со катехезите за свети Јосиф, папата Фрањо на Генералната аудиенција на 1 декември им се обрати на сите свршеници и младенци за да размислат за преминот од „волшебноста“ што ја карактеризира вљубеноста до зрелата љубов која е трајна.
Папата за одбележувањето на Светскиот ден за борба против сидата и повик за молитва во пресрет на апостолското патување
На Генералната аудиенција, папата Фрањо потсети на Светскиот ден за борба против СИДА, а во пресрет на неговото апостолско патување на Кипар и Грција, побара од христијаните да го придружуваат со молитви.
Папата до Вартоломеј I: Да ја зајакнуваме длабоката врска што веќе нѐ обединува
Во пораката до Цариградскиот патријарх Вартоломеј I по повод празникот на апостол Андреј Првоповиканиот, папата Фрањо истакна дека нивната заедничка одговорност пред актуелните предизвици произлегува од заедничката вера.
Папата Фрањо именува нов бискуп во Дубровник
Роко Гласновиќ, свештеник на Шибенската бискупија, е новиот бискуп на Дубровник