Tag "Папа Фрањо"

Врати се на почетна
Ватикан Вести

Ангел Господов: Восхитувајте се на лудата љубов Божја која никогаш не се изморува

Во своето неделно обраќање пред молитвата Ангел Господов во недела 13 март 2022 година, папата Фрањо поттикна во Великиот пост да му дозволиме на Господ да нѐ изненади и да ги разбуди нашите срца.

Ватикан Вести

Папата за Украина: Во име на Бога, запрете со овој масакр

Светиот Отец по молитвата Ангел Господов упати силни зборови: „Со болка во срцето го придружувам мојот глас со гласот на обичните луѓе кои се молат за крај на војната. Во името на Бога, слушнете го плачот на оние кои страдаат и ставете крај на бомбардирањата и нападите!“

Uncategorized

Папата Фрањо ќе ја предводи светата Литургија по повод 400 годишнината од канонизацијата на свети Игнатиј Лојолски

На 12 март Светиот Отец ќе ја предводи светата Литургија по повод 400 годишнината од канонизацијата на светите Игнатиј Лојолски и Фрањо Ксавиер во римската црква Il Gesù. Двајцата светци се канонизирани на 12 март 1622 година, заедно со Света Тереза од Детето Исус, Свети Исидор и свети Филип Нери.

Ватикан Вести

Средба на кардиналот Крајевски, архиепископот Шевчук и митрополитот Мокрзицки

На 8 март, кардиналот Конрад Крајевски, Апостолски милостилничар и пратеник на папата Фрањо во Украина, се сретна со поглаварот на Украинската источно католичка Црква, врховниот архиепископ Киевско – халички Свјатослав Шевчук и Лавовскиот митрополит Миечислав Мокрзицки. Сите тројца телефонски разговарале и со папата Фрањо, стои во соопштението од Секретаријатот на Киевско – халичкиот архиепископ, со седиште во Рим.

Ватикан Вести

Папата: Учењата на црковните учителки му нудат светлина и надеж на светот

Во пораката до учесниците на Меѓународната академска конференција за црковните учители и сопокровители на Европа, папата Фрањо рече дека учењата на овие светци се особено правовремени поради нивната трајна длабочина и релевантност.

Ватикан Вести

Молитвената накана на Папата за март 2022 година

Христијаните секогаш знаат да промовираат заштита на животот

Ватикан Вести

Светски ден на млади: Кризите се надминуваат заедно

Папата Фрањо испрати видео порака до младите кои се подготвуваат за Светскиот ден на млади во 2023 година што ќе се одржи во Лисабон, Португалија. Тој ги охрабри да ја искористат својата креативност за да обезбедат свежо, живо искуство што ја зајакнува верата.

Ватикан Вести

Папата Фрањо: Жените се чувари на светот

На Меѓународниот ден на жената, мислите на Папата посебно се упатени кон оние кои минуваат низ големи страдања како резултат на конфликти, глад и нè повикува да ја наследуваме Марија, царицата на мирот.

Ватикан Вести

Духовни вежби за Папата и Римската курија

Духовни вежби. Папата: Се молиме за потребите на Црквата и на целото човештво Папата во своето пладневно обраќање за време на молитвата Ангел Господов во недела 6 март 2022 година ги замоли верниците да го придружуваат во текот на оваа недела на духовни вежби, кои почнуваат на 6 март, а завршуваат во петок, 11 март. Втора година по ред, поради пандемијата Ковид-19, духовните вежби за Папата и членовите на Римската курија нема да се одржуваат во Аричи, недалеку од Рим,

Ватикан Вести

Посвојување на далечина е знак на Божјата нежност

Во својот говор пред членовите на здружението „Проект Агата Смералда“, Папата повторно зборуваше за брачните двојки кои се отворени за прифаќање деца без семејства, а ги пофали и оние кои се посветени на посвојување на далечина. Вистинската револуција во светот ја прават оние кои работат од ден за ден, без врева, за малите и сиромашните повеќе да не бидат презирани, отфрлени, напуштени, рече Папата.