Tag "Папа Фрањо"
Папата Фрањо изрази сочувство по повод авионската несреќа во Танзанија
Папата Фрањо моли за жртвите од авионската несреќа во Танзанија што се случи во неделата.
Папата: Три светски војни во еден век, бидете миротворци!
Во авионот на враќање од Бахреин, папата Фрањо зборуваше за Украина и бројните конфликти во светот. Го спомна и неговото пријателство со големиот имам од Ал-Азхар, потоа колку е важно на жените да им се дадат права и еднаквост, за мигрантите. На германските католици им препорача: „Германија веќе има голема Евангелска црква, не би сакал друга“.
Папата Фрањо се врати од Бахреин
Во недела 6 ноември 2022 година попладнето, по 101 пат од почетокот на своето папство, на крајот од своето 39. Апостолско патување, во рамки на посетата на Бахреин, папата Фрањо отиде во римската базилика Света Марија Велика да се помоли пред иконата на Богородица – Salus Populi Romani.
Папата Фрањо замина од Бахреин
Папата Фрањо по четирдневната посета на Кралството Бахреин се упати на повратниот лет за Рим. Главниот фокус на ова 39. Апостолско патување во странство, негово второ во регионот на Заливот, беше да ги зацврсти локалните христијани во нивната вера и да го промовира меѓурелигискиот дијалог.
Папата до богоспосветените лица: Ширете ја евангелската радост
Последниот ден од посетата на Папата на Бахреин недела 6 ноември 2022 година, започна со средба и молитвата Ангел Господов со оние кои го посветија својот живот на Господа. Светиот Отец ги поттикна да ги шират даровите на Светиот Дух, кој е извор на радост, единство и пророштво. Покрај тоа, поттикна на молитва за траен мир во Етиопија и за напатената Украина.
Папата во Бахреин: Драги млади, ни требате!
На средбата со младите во Бахреин, Папата посебно ги покани да ја шират „културата на грижа“ и им посака да бидат добар квасец за пријателско и солидарно општество во време кога беснеат конфликти и каде што постои ризик дека етничките, културните и верските разлики стануваат проблеми, а не можности за заеднички раст.
Папата Фрањо: Мирот мора да се поддржи за да се вкорени
На 4 ноември 2022 година, попладне во џамијата на кралската палата Сахир во Авали, папата Фрањо се сретна со муслиманскиот совет на старешини, на чело со имамот Ал Азхар Ал Тајеб, пред кого истакна дека Богот на мирот никогаш не води војна, никогаш не поттикнува омраза, никогаш не оди со насилство. Ги поттикна членовите на советот да го прифатат братството, молитвата и заедничките напори да му помогнат на човештвото повторно да ги открие скриените извори на животот, поттикнувајќи мир и
Папата: За христијаните е важно единството во различностите и сведочење на љубовта
По средбата со муслиманскиот совет на старешините, Светиот Отец, како дел од неговата Апостолска посета на Кралството Бахреин, учествуваше на екуменска средба и молитва за мир во катедралата Пресвета Богородица од Арабија во Авали.
Папата: Во време на насилство, вистински предизвик е да се сака непријателот
На светата Литургија одржана на Националниот стадион на Бахреин во Авали, Папата зборуваше за моќта на Исус; љубовта кон сите, па и кон противниците, го прекинува синџирот на злото и гради свет на браќа.
Папата: Денеска си играме со ракети и бомби; кој верува во Бог решително ја отфрла војната
На крајот на форумот во Бахреин за дијалог со водачите на различни религии, Папата повика на заедничка акција за елиминирање на поделбите. Тој ја осуди војната и ја нагласи потребата од вистинска верска слобода, признавање на жените, заштита на правата на децата. Покрај тоа, тој уште еднаш апелираше за прекин на војната во Украина и за започнување сериозни мировни преговори