Tag "Папа Фрањо"
Папата Фрањо: Исус е благослов за секој човек и за целото човечко семејство
На празникот Света Марија Богородица, а по повод Светскиот ден на мирот, кој се одбележува на 1 јануари, папата Фрањо во пладневниот говор истакна дека сите сме одговорни за општото добро и дека политиката е добра до таа мерка кога секој го извршува својот дел во служење на мирот.
Папата Фрањо: И денес постои ропство
Папата размислуваше за современите облици на ропство. Заедно со верниците ја измоли првата вечерна од Божествениот часослов, по што следуваше обожавање на Пресветата олтарска Тајна и традиционалната химна „Тебе Боже те фалиме“ (Te Deum). По завршувањето на славењето, папата Фрањо ја посети амбулантата за сиромашни на плоштадот Свети Петар, а потоа на плоштадот се помоли пред јаслите. Љубовта дава полнина на сѐ, а Исус во кого е содржана целата љубов која Бог ја има кон секое човечко битие, се раѓа
Порака на Папата за Светскиот ден на мирот
Како и секоја година по повод Светскиот ден на мирот кој се слави на 1 јануари, а кој се одбележува по 52 пат, папата Фрањо упати своја порака.
Поттици на папата Фрањо во 2018 година од домот Света Марта
На светите Литургии служени во домот Света Марта во 2018 година, Папата одржал 89 проповеди: интезивни размислувања за живеење на автентична христијанска вера, фокусирани на живата средба со Исус и на конкретната љубов кон другите.
Важни настани и моменти во понтификатот на папата Фрањо за 2018 година
На крајот од оваа календарска година која – што се однесува до активностите на папата Фрањо и на Светиот Престол – беше многу интезивна, да се присетиме на некои настани и важни моменти.
Папата се молеше за Демократска Република Конго
Во недела 30 декември 2018 година, по молитвата Ангел Господов, Папата го спомна народот во Демократска Република Конго кој страда заради насилство и од епидемија на ебола, а каде на овој ден се одржуваат претседателски и општи избори.
Папата: Семејството е богатство, треба да се чува и штити
Пред молитвата Ангел Господов, Папата размислуваше за денешниот празник Светото назаретско семејство, за искуството на Марија, Јосиф и Исус, поврзани со силна љубов и поттикнати од големата доверба во Бог.
Папата изрази сочувство по експлозијата на бомба во Египет
Во телеграмата упатена до египетскиот претседател Ал-Сиси, Папата го осуди тој „суров и бесмислен“ чин во кој загинаа четири луѓе.
Папата се заблагодари на досегашниот главен уредник на ватиканскиот весник Осерваторе Романо
Во писмото на досегашниот главен уредник на ватиканскиот дневен весник Осерваторе Романо, Џовани Марија Вијан, папата Фрањо ја истакна неговата професионалност и подготвеност во текот на повеќе од десет години служба во раководењето на ватиканскиот весник.
Папата до младите: Бидете блиски до ова рането човештво
Бидете блиски до ова рането човештво и до оние кои се отфрлени и исклучени, мали и сиромашни! – охрабрува папата Фрањо во пораката која ја потпиша државниот секретар кардиналот Пиетро Паролин, упатена до младите собрани во Мадрид на 41. Европска средба на екуменската заедница од Тезе.