Tag "Папа Фрањо"
Папата Фрањо: Да не избереме идеологија, наместо вера
Има начин на кој може да се биде христијанин, но само со одредени услови, кои папата Фрањо ги истакна во проповедта на светата Литургија во вторник 8 Октомври 2019 година која ја служеше во капелата на домот Света Марта. Зборувајќи за христијаните кои ги судат сите, но поаѓајќи од маленкоста на нивните срца, Папата истакна дека Господ милосрдно се приближува на сите човечки реалности, затоа што дојде за да спаси, а не да суди.
Брифинг за синодата: Благодарност на Папата за донесувањето на народите на Амазонија „тука“
Првиот брифинг за Синодота се одржа во присуство на епископот Давид Мартинeз Де Агуире Гвинеја, апостолскиот викар Пуерто Малдонадо, монсињор Емануел Лафон, епископот на Кајен, сестрата Алба Тереза СКедиел Кастило, Паоло Руфини, Префект на Дикастеријата за комуникација и отец Џакомо Коста секретар на Комисијата за информации. Брифингот го водеше Кристијан Мареј, заменик директор на Канцеларијата за печат на Светиот Престол.
Папата Фрањо и новите кардинали го посетија Бенедикт XVI
Новите кардинали и папата Фрањо по завршувањето на конзисториумот го посетија почесниот папа Бенедикт XVI
Папата на почетокот на синодата: Треба да ги сфатиме и да им служиме домородните народи
По процесијата од ватиканската базилика до синодската сала во придружба на учесниците на синодата вклучувајќи ги и преставниците на домородните народи, папата Фрањо ја отвори Синодата за Панамазонското подрачје.
Ангел Господов: Човекот со вера целосно се препушта на волјата Божја
Ништо не е невозможно за верникот затоа што тој не се потпира на својата сила, туку на Бог кој може сѐ – рече папата Фрањо во попладневното обраќање пред молитвата Ангел Господов на 6 Октомври 2019 година, фокусирајќи се на евангелскиот текст (Лк 17,5-10) од литургиските читања.
Папата Фрањо хиротониса четири нови епископи
Апостолскиот нунциј Антоан Камилери, Паоло Рудели, Паоло Борџија и Исусовецот патер Михел Черни, потсекретар во Одделот за мигранти и бегалци при Дикастеријта за промовирање на целосен човечки развој, се имињата на новите четири епископи. Епископството е служба, а не чест – истакна папата Фрањо за време на светата Литургија во базиликата Свети Петар во Ватикан, која ја служеше на 5 Октомври 2019 година
Во Ватиканските градини папата Фрањо засади даб од Асизи
На празникот свети Фрањо од Асизи, 4 Октомври 2019 година, папата Фрањо во Ватиканските градини посади даб од Асизи, како видлив знак за целосна екологија, а настанот е пропратен со молитва за застапништво на свети Фрањо за Епископската синода за Амазонија, која ќе започне на 6 Окотмври во Ватикан.
Папата Фрањо: Црквата треба да биде сол на земјата и квасец за целото општество
На Вечерната молитва, со која започна вонредниот мисиски месец, папата Фрањо ја охрабри Црквата да не бара „заштитени оази“, туку секогаш да биде сол на земјата и квасец за целото општество. Тој ги повика сите да ги понудат своите таленти, да го вложат својот живот, кој не е товар, туку дар, да бидат Црква која излегува и која е мисионерска, како и мачениците затоа што тие се првите сведоци на верата
Папата Фрањо: Кога Божјото Слово доаѓа во срцето се создава славење
Средбата со Божјото Слово нѐ исполнува со радост која е нашата сила – рече папата Фрањо на светата Литургија која ја служеше во домот Света Марта на 3 Октомври, истакнувајќи дека неделното славење не може да се разбере без Словото Божјо.
Видео порака на Папата за месец Октомври: За мисионерска ,,пролет” во Црквата
Папата Фрањо на 1 Октомври објави видео порака со молитвена накана за месец октомври која гласи: Светиот Дух нека поттикне нова мисионерска пролет во Црквата.