Папата Фрањо: Да не избереме идеологија, наместо вера

Папата Фрањо: Да не избереме идеологија, наместо вера

Има начин на кој може да се биде христијанин, но само со одредени услови, кои папата Фрањо ги истакна во проповедта на светата Литургија во вторник 8 Октомври 2019 година која ја служеше во капелата на домот Света Марта. Зборувајќи за христијаните кои ги судат сите, но поаѓајќи од маленкоста на нивните срца, Папата истакна дека Господ милосрдно се приближува на сите човечки реалности, затоа што дојде за да спаси, а не да суди.

Коментирајќи го првото читање од светата Литургија кое зборува за вториот Божји повик упатен до Јона, кој што ќе послуша и ќе оди во Нинивија да проповеда, Папата потсети дека народот поверува на неговите зборови и се преобрати од својот лош пат. Гледајќи го тоа „Бог се сожали заради несреќата со која им се беше заканил и се повлече“, односно не го казни градот. Тврдоглавиот Јона, затоа што е тврдоглав човек, добро ја заврши својата работа и замина – рече папата Фрањо.

Утре ќе видиме како заврши тој настан, односно како Јона ќе се налути на Господ затоа што премногу е милосрден и затоа што го прави спротивното од она со што се закани, токму преку самиот пророк. Јона го прекорува Господ: „О, Господи, зар не го велев тоа уште додека бев во земјата своја? Та затоа и побегнав во Тарсис, оти знаев дека Ти си Бог добар и милосрден, долготрпелив и многумилостив, па ќе се сожалиш за бедата. А сега, Господи, земи ја душата моја од мене, зашто подобро е да умрам отколку да живеам” – рече Папата и ги објасни зборовите на Јона: Подобро е да се умре отколку да се продолжи пророчката служба со тебе кој на крај го правиш спротивното од она за што ме прати.

И Јона излезе од градот, си направи сеница и чека за да види што ќе направи Господ, надевајќи се дека ќе го уништи градот. Господ тогаш направи да израсне растение за да му прави сенка. Но набргу Бог нареди растението да се исуши. Јона повторно се налути на Бог. Тебе ти е жал за едно растение – му рече Бог – за кое ти не си се трудел, а Мене да не Ми е жал за Ниневија, за овој голем град?” Разговорот помеѓу Господ и Јона е разговор на двајца тврдоглавци – додаде Папата.

Јона е тврдоглав со своите верски уверувања и Господ е тврдоглав во своето мислордие; никогаш не нѐ напушта, тропа на вратата од срцето до крај. Јона е тврдоглав затоа што верата ја сфаќа со услови, пример за христијаните кои живеат “под услов“, христијани со услови. Јас сум христијанин со услов да не се работи на одреден начин. Оние кои велат ‘не’, тие промени не се христијански, тоа е ерес; тоа не оди така… христијани кои секогаш го условуваат Бог, верата и Божјото делување – објасни Папата.

Токму тоа „под услов“ ги затвора христијаните во нивните идеи и тие завршуваат во идеологија – истакна папата Фрањо. Ова е грд пат од вера до идеологија. А денес има многу такви – додаде Папата. Таквите христијани се плашат да пораснат, се плашат од предизвиците во животот, се плашат од Господовите предизивици, предизвиците од историјата, приврзани на своите уверувања, во своите први уверувања, во своите идеологии. Тоа се христијани кои даваат предност на идеологијата пред верата и се оддалечуваат од заедницата, се плашат да се стават во Божјите раце, и повеќе сакаат да ги судат сите околу себе, поради маленкоста на своите срце.

Денес постојат два лика на Црквата: Црква на идеолози, кои се сокриваат во сопствените идеологии и Црква која го покажува Господ и која пристапува на сите реалности, која не се гади; На Господ не му се гади од нашите гревови, ни пристапува како што се приближувал да ги помилува лепрозните, болните. Затоа што тој дојде за да оздравува, дојде за да спаси, а не да осуди – истакна на крајот папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот