Tag "Папа Фрањо"

Врати се на почетна
Ватикан Вести

Папата упати помош за настраданите во поплави и пожари

Папата Фрањо упати финансиска помош за настраданите во поплавите во Јужен Судан и пожарите во Грција, објави на 4 октомври Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Ватикан Вести

Вдахновени од блаженствата, треба да создадеме движење против „глобализацијата на рамнодушноста“

Во пораката по повод средбата со Папската академија за општествени науки, папата Фрањо го нагласи духот на сиромаштвото како начин да се обезбеди среќа на поединци и народи. Неограничената потрага по профит и богатство, пишува тој, создава сиромаштво, нееднаквост и конфликти.

Ватикан Вести

Папата Фрањо моли за прекин на насилствата во Еквадор и мир во Мјанмар

По молитвата Ангел Господов на 3 октомври 2021 година, папата Фрањо се молеше за мртвите и ранетите во Еквадор, во насилствата што избија во затворот и за дарот на мир во Мјанмар. Ги спомна и новите блажени и ги охрабри да се моли света Бројаница овој месец, кој е посебно посветен на Пресвета Богородица.

Ватикан Вести

Ангел Господов: Нашата кревкост не е пречка, туку можност

Во обраќањето до верниците пред молитвата Ангел Господов на 3 октомври 2021 година, папата Фрањо објасни дека за да се прими Господ, потребно е да се признае сопствената маленкост и потреба од него. За Бога, кревкоста не е пречка, туку можност – охрабри Светиот Отец.

Ватикан Вести

Со света Литургија на 10 октомври, Папата официјално ќе ја отвори Синодата

Во недела, 10 октомври, со свечена Литургија во базиликата Свети Петар, папата Фрањо официјално во Ватикан ќе ја отвори Синодата за синодалност. На евхаристиската служба ќе и претходи в сабота, 9 октомври, момент на размислување во новата сала на Синодата.

Ватикан Вести

10. Светска средба на семејства: Важно е учеството на семејства од целиот свет

Презентацијата за 10. Светска средба на семејствата во јуни 2022 година ја нагласи потребата да се вклучат семејствата во пасторалот со семејства, да се поттикнат семејствата да учествуваат во настани организирани на локално ниво и да се приклучат на преносите во живо од средбата во Рим.

Ватикан Вести

Папата до младите учесници на Youth 4 Climate: Вие не сте само иднината, туку и сегашност

Папата Фрањо упати порака до младите кои се собрани во Милано на подготвителен семинар за конференцијата Коп26 која ќе се одржи во Глазгов на крајот на октовмри.

Ватикан Вести

Папата го истакна правото на чиста животна средина и должноста кон идните генерации

Во обраќањето на настанот на високо ниво на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) за животната средина и човековите права, римскиот бискуп рече дека покрај заштитата на правото на секој за достоинствен живот и развој, мора да се потсетиме и на „одговорноста, која ја носиме пред идните генерации, и за светот што сакаме да го оставиме на нашите деца и на нашите млади“.

Ватикан Вести

Папата до медиумите и новинарите: „Слушајте!“

„Слушајте“ е насловот на темата што ја избра папата Фрањо за 56. Светски ден на комуникациите, кој ќе се одбележи во 2022 година, соопшти Ватиканскиот прес -центар.

Ватикан Вести

Генерална аудиенција: Божјата благодат да се комбинира со дела на милосрдие

Папата продолжи со катехезата за Посланието на свети Павле до Галатјаните, при што на Генералната аудиенција 29 септември објасни што значи да сме „оправдани преку верата во Христа“.