Tag "Папа Фрањо"
Папата Фрањо именува директор на новата Управа за човечки ресурси
Во понеделник, 5 септември 2022 година, папата Фрањо го именува Луис Хереро Тејадор за директор на новоформираната Управа за човечки ресурси во Ватикан.
Папата се сретна со претставници на Шпанскиот Каритас
Милосрдие и Љубов – напишани со големи букви, се најсуштинските особини на човекот, создадени според Божјиот образ, а со самото тоа и јазикот кој најмногу нè обединува. Божествениот начин на љубов може да биде патоказ за работата на Каритас, чии вработени во шпанскиот огранок денеска се сретнаа со папата Фрањо по повод нивната 75-годишнина од основањето.
Ангел Господов: Молитва за Украина
По завршувањто на светата Литургија на 4 септември 2022 година, која папата Фрањо ја служеше на плоштадот Свети Петар во Ватикан, на која за блажен го прогласи Иван Павле I, Папата ја предводеше молитвата Ангел Господов.
Иван Павле I прогласен за блажен
„Ова го бара од нас Исус: Живејте го Евангелието и ќе го живеете животот, не половично, туку целосно. Живејте го Евангелието, живејте го животот без компромиси“. Токму така живееше новиот блажен Иван Павле I, љубејќи до крај. Следејќи го примерот на Исус, тој беше кроток и понизен пастир, кој се сметаше за „прав на кој Бог удостоил да пишува“. Ова го истакна папата Фрањо на евхаристиско славање во недела 4 септмеври 2022 година, на плоштадот Свети Петар, на кое беше
Близина на Папата со аргентинската потпретседателка
Папата Фрањо испрати телеграма во која изразува солидарност со потпретседателката на Аргентина Кристина Фернандез де Кирхнер, која во четвртокот преживеа обид за атентат.
Папата Фрањо ги охрабри уметниците да ја промовираат убавината и вистината
Папата Фрањо на 1 септември се сретна со филмските, медиумските и музичките работници на првиот самит „Vitae“ во Ватикан и ги потсети уметниците дека треба да ја користат убавината за да го проповедаат Евангелието.
Папата: Семејството е на удар, разни идеологии сакаат да ги обезвреднат човечките вредности
Папата Фрањо ги прими во аудиенција отците од Шенштатското движење по повод нивното Генерално собрание и ги охрабри да бараат одговори на грижите на мажите и жените од нашето време.
Проповедта на Папата во Аквила: Милосрдие е да знаеш дека сме љубени во својата беда
Папата Фрањо на 28 август 2022 година во Аквила служеше света Литургија пред базиликата Santa Maria di Collemaggio и врз основа на евангелието на неделната Литургија се фокусираше на темата понизност, прошка и кроткост, говорејќи им на локалните жители: „Вие можете да го сочувате милосрдието затоа што сте искусиле беда.“ Неговата проповед ја пренесуваме во целост.
Папата до населението во Аквила погодено од земјотрес: Сеќавањето е силата на еден народ
Светиот Отец во недела 28 август 2022 година престојува во италјанскиот град Аквила по повод прославата на Целестинската прошка. Пред Литургиското славење, Папата кај Пјаца Дуомо се обрати на цивилните власти, граѓаните и семејствата жртви на земјотресот, регион кој беше погоден во 2009 година. Ги пофали локалните жители кои ја покажаа својата отпорност пред трагедијата, вкоренети во својата христијанска и граѓанска традиција. Посебен акцент стави на обнова на црквата: „Таа е наследство на заедницата, не само во историска и културна
Папата изрази близина со жртвите од поплавите во Пакистан
Пред молитвата Ангел Господов во Аквила, папата Фрањо изрази близина до жртвите од поплавите во Пакистан, и се молеше за Украина и за сите народи кои патат од војна.