Сиромаштвото на малолетниците е во пораст во цела Европа. Организацијата Save the Children тоа го соопшти во Извештајот во кој анализира 14 европски земји од кои девет во ЕУ и пет надвор од ЕУ.
Има деца кои во училиште одат со празен желудник, кои спијат на ладно или заради иселување немаат кревет или кров. Станува збор за речиси 20 милиони деца кои растат во сиромаштво во Европа, иако ЕУ е една од најбогатите подрачја и со најмала нееднаковост на светот. Малолетниците во Европа се соочени со неприфатливо ниво на сиромаштво во речиси сите европски земји, предупредува Save the Children.
Извештајот е резултат на испитувањата во 14 земји, од кои 9 во ЕУ и 5 надвор од унијата. Меѓу земјите во ЕУ – стои во текстот, во Германија, една од најбогатите земји во светот, секое четврто дете расте во ризикот од сиромаштво, додека во Шпанија и во Романија секое трето дете живее во сиромаштво. Ситуацијата е уште посериозна на западен Балкан, каде стапките на сиромаштво во претходните години веќе варираше од 49,4% во Албанија до 30,6% во Босна и Херцеговина и 20,7% на Косово.
Нееднаквостите кои ги трпат децата
Организацијата напоменува дека најранливи и најсиромашни се децата родени во големи семејства, семејства со еден родител, децата во мигрантските семејства, со инвалидитет, припадници на етнички малцинства, деца на жители во рурални или неповолни подрачја.
Вонредната состојба која ја диктира пандемијата – објасни за Ватикан њуз Антонела Инверно водач на политиката за детството и адолесценцијата во Save the Children во Италија – предизвика шок од социјалната точка на гледање во голем дел од светот. Имено, постојат огромни нееднаквости кои ги плаќаат и трпат момчињата и девојчињата во контекст на драматична осудица и „кои не можат да имаат перспектива во поинаква иднина.“ Сега живееме во земјите – рече Винтер, во кои речиси се врати стариот начин да се каже дека ако си син на работник можеш да бидеш само работник.
Пораката на Папата
Папата Фрањо во јуни во својата порака по повод Светскиот ден на сиромашните кој се одбележува на 14 ноември упати силен повик до христијаните и владите во целиот свет итно да интервенираат за да им помогнат на сиромашните, чиј број драматично се зголемува заради пандемијата и себичноста. Никој не се спасува сам, повтори во разговорот Антонела Инверно, пандемијата тоа го покажа. Затоа мора да го прифатиме овој апел на Папата да ја обновиме солидарноста внатре во земјите членки и помеѓу земјите членки, со оглед на миграцијата која ќе биде сѐ поважно прашање во годините кои доаѓаат со оглед на климатската криза со која се соочуваме.
Ватикан њуз/к.мк