ROACO јa разгледува ситуацијата на Црквите на Блискиот Исток и Украина

Од 13 до 16 јуни во Ватикан, под претседателство на кард. Леонардо Сандри, се одржува 89. пленарно собрание на ROACO, Сојузот на хуманитарните организации на Источната Црква.

На дневен ред на средбата се вклучени ситуацијата на Источно-католичките цркви на Блискиот Исток, Украина, Светата Земја, источната дијаспора во Индија и можната активност на хуманитарните организации во овие области. Покрај тоа, на работна сесија ќе биде дискутирано и за формацијата на свештениците и богопосветените лица во Источно-католичките цркви, со присуство на експерти во областа. Меѓу учесниците се и Апостолските нунции на Блискиот Исток и Украина, како и претставници на различни сектори на Римската Курија. Покрај тоа присуствуваат и епископи од Индија и Светата Земја. Средбата ќе заврши со аудиенција кај папата Фрањо на 16 јуни.

ROACO е комитет, кој ги  обединува сите хуманитарни агенции од различни земји во светот, ангажирани во финансиската поддршка во различни сектори: од изградбата на култните места до стипендии, од воспитни и училишни институции до центрите задолжени за здравствено-социјална помош. Организацијата е предводена од префектот на Конгрегацијата за Источните цркви и има потпретседател, кој е секретарот на Конгрегацијата.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Свет

За авторот