„Laudato Sii“ – новата енциклика на папата Фрањо
Во средината на јуни ќе биде објавена новата енциклика на папата Фрањо „Laudato Sii“ која се занимава со еколошките проблеми и односот кон околината.
„Laudato Sii“ или „Фален да си“ е најверојатно насловот на новата енциклика на папата Фрањо која ќе биде објавено во средината на јуни, соопшти Џузепе Коста директор на Ватиканската издавачката куќа. Насловот е земен од Химната на сонцето на свети Фрањо Асишки, а енцикликата во моментот е во фаза на превод на латински јазик.
Директорот Џузепе Коста исто така рече дека постои многу голема заинтересираност од странски издавачки куќи за објавувањето на ова енциклика.
Папата Фрањо го најави издавањето на енцикликата уште при враќањето од Јужна Кореја, каде што учествуваше на Шестиот ден на младите од Азија од 14-18 август минтата година.
Објавувањето на „еколошката енциклика“ воедно го најавува учеството на папата Фрањо на специјалниот состанок на ОН за одржлив развој на 25 септември на кој што ќе одржи и говор.
Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун во текот на својата посета на Рим 28 април ова година рече на новинарите дека говорот на Папата ќе има голем одек. Исто така во разговорот со Папата наведе дека се радува за објавувањето на енцикликата и дека смета на гласот на Папата за моралот и морално водство.
Во проповедта на празникот Духови на 24 мај папата Фрањо меѓу останатото напомена дека „Светиот Дух Кој Христос го испрати од Својот Отец и Дух Создател кој дал живот на сите работи е едно исто.“ Исто така потсети дека „почитувањето кон создаденото е неопходност на нашата вера: градината во која живееме не ни е за исцрпување, туку за култивација и за однос на почитување.“
Едно од изненадувањата на ова енциклика е насловот кој не е земен од латинскиот јазик како што тоа е вообичаено за енцикликите, туку од староиталјанскиот јазик на кој Фрањо Асишки во 1226 година ја напишал химната за Сонцето, еден од најстарите текстови на италјанската книжевност, во која се слави Бог во дарот на месечината, сонцето, водата и воздухот нарекувајќи ги притоа браќа и сестри.
Лаудато/Д.И.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма