Ватикан: Именувана секретарка на Папската библиска комисија и советник на Дикастеријата за комуникација

Папата Фрањо именуваше секретарка на Папската библиска комисија и советник во Дикастеријата за комуникација, објави Канцеларијата за печат на Светиот Престол.
За секретарката на Папската библиска комисија Папата ја именуваше с. Нурија Калдух Бенагес MHSFN, член на таа комисија, а за советник на Дикастеријата за комуникација проф. Даниел Арас декан на факултетот за институционална социјална комуникација на Папскиот универзитет Светиот Крст во Рим.
Ватикан њуз/к.мк