Ангел Господов: Само малите знаат да ја прифатат Божјата љубов

Ангел Господов: Само малите знаат да ја прифатат Божјата љубов

Папата Фрањо во своето пладневна обраќање ги поттикна верниците да ги остават настрана гордоста, вообразеноста и ароганцијата и да бидат како деца. „Тоа го правилното однесување пред Божјите дела: фотографирање на неговите дела во умот за да бидат втиснати во срцето, а потоа да се развиваат во животот преку добри дела“.

Кои се знаците на Божјото дејствување во светот? Слепи прогледуваат, лепрозни се очистуваат, болните оздравуваат, на грешниците им се простува, мртви воскреснуваат и секое друго дело кое спасува, ослободува, утешува и оживува. Така Он постапува, така се објавува – рече папата Фрањо во недела 9 јули 2023 година, обраќајќи се на присутните верници на плоштадот Свети Петар од прозорецот на Апостолската палата, коментирајќи го Евангелието од неделната Литургија во кое Исус го прославува Отецот затоа што не им се објавил на мудрите и умните, туку на малите, едноставните, односно оние чиишто срца се ослободени од вообразеност и самопочит и кои знаат да се восхитуваат на големината на љубовта, за разлика од оние кои, напротив, се полни со себе и гледаат само на сопствените интереси.

Божјата величина е во љубовта

Затоа Исус го прославува Отецот, бидејќи неговата величина е во љубовта и никогаш не постапува без љубов. Но, оваа величина во љубовта не ја разбираат оние кои мислат дека се големи и создаваат бог по сопствен лик: моќен, непопустлив, одмаздољубив. Со други зборови, оние кои се полни со себе, горди, преокупирани само со своите интереси, кои се убедени дека никој не им треба, тие не можат да го примат Бога како Отец.

Тоа се случи во Хорозаин, Витсаида и Капернаум, богати градови од тоа време – објасни Папата – во кои Исус изврши многубројни оздравувања пред очите на луѓето, но чии жители останаа рамнодушни на неговата проповед. За нив, чудата беа само спектакуларни настани, корисни за создавање вести и поттикнување озборувања. Меѓутоа, откако помина минливиот интерес, ги оставија настрана за да се позанимаваат можеби со некоја друга новина, некоја друга вест од моментот. Тие не знаеја како да ги прифатат големите Божји работи. Малите, пак, знаат да ги разберат и прифатат.

Да се фотографираат Божјите дела и да се развијат како добри дела

Малку се оние кои, како деца, се чувствуваат во потреба и недоволни, а тие се отворени за Бога и дозволуваат да бидат воодушевени од неговите дела. Тие знаат да ги читаат неговите знаци, се восхитуваат на чудата на неговата љубов!

Да станеме мали е вистинскиот начин, секогаш дури и среде морето од вести што нè преплавуваат секој ден, да ги разбереме овие гестови на љубов, знаци на Божјата добрина, за да можеме да ги фотографираме неговите дела, чуда од кои –е исполнет нашиот живот! – истакна Папата.

Меѓутоа и нашето срце може да остане рамнодушно и да се навикне на нив, може да биде љубопитно, но неспособно да се восхитува, да се „импресионира“. Да се импресионира: тоа е убав глагол кој потсетува на фотографски филм. Еве го правилното однесување пред делата Божји: фотографирање на неговите дела во умот, за да се втиснат во срцето, а потоа да се развијат во животот, преку многуте добри дела, така што „фотографијата“ за Бог на љубовта станува уште побрилијантна во нас и преку нас.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот