Воспитувањето не е техника, туку постојана плодност, воспитувањето е семејно дело кое подразбира меѓугенерациски однос и пренесување на искуства.
Предизвикот за воспитание е во центарот на размислувањето на актуелниот Папата. Така напиша во најновиот број на списанието „Civiltà Cattolica“ отец Антонио Спадаро на почетокот на долгата статија со наслов „Седум столбови на воспитувањето според Хорхе Марија Бергољо. Директорот на списанието, искусовецот Спадаро се фокусира на размислувањето и воспитното делување на папата Фрањо во текот на неговото делување како пасторалец и епископ во Буенос Аирес во Аргентина. Седумте темелни елементи кои Спадаро ги воочил се: 1. воспитувањето значи да се интегрира, 2. да се прифати и слави различноста, 3. да се соочуваш со антрополошките промени, 4. немирот како двигател на воспитувањето, 5. педагогијата на прашањата, 6. да не се злоупотребуваат границите, 7. да се живее семејната плодност.
Пред тие седум елементи директорот на списанието „Civiltà Cattolica“ наоѓа и три клучни зборови кои го карактеризираат Берголиовото воспитание: „избор, потреба и страст“. Според мислењето на Спадаро во нив е резимирано она што Бергољо го напишал до воспитувачите за да ги поттикне на воспитно делување: „Воспитувањето е една од највозбудливите уметности во животот и постојано бара да се шират хоризонтите.“ Во статијата се потсетува дека воспитанието не е исклучиво индивидуално, туку заеднично дело, и дека Бергољо секогаш го сметал училиштето како важно среедство за општествена интеграција.
Исто така се истакнува дека за папата Фрањо е важно „прифаќањето на различностите“ и дека разликите треба да се сфаќаат како предизвици, но позитивни предизвици, како богатство, а не како проблеми. Предизвикот на воспитанието, според мислењето на Бергољо е поврзан со „антрополошкиот предизвик“. Затоа Спадаро пишува: „не можеме да се однесуваме како ној.“ Уште една тема која се повторува во воспитниот систем на Бергољо „немирот како двигател за воспитанието.“ Од каде произлегува и апелот до воспитувачите да бидат храбри и креативни и никогаш да не станат „фундаменталистички службеници поврзани со крутото планирање.“ На крајот директорот на списанието „Civiltà Cattolica“ напоменува дека за Светиот Отец воспитувањето не е техника, туку постојана плодност, воспитувањето е семејно дело кое подразбира меѓугенерациски однос и пренесување на искуството.
Ватикан њуз/к.мк