Папата упати порака до учесниците на манифестацијата Лет за мир
Обновено залагање во изградбата на праведен соживот и братството – се зборовите на Папата во пораката која ја потпиша државниот секретар Пиетро Паролин, а која е упатена по повод првата одржана манифестација Лет за мир (Fly for peace) во Трапани.
Манифестацијата претставува план кој настанал од желба за промовирање на почитувањето на достоинството и правата на секој човек. Со цел напредок и постигнување на таквите цели основано е здружение кое го проучуваше и развиваше овој план за време на заседанието во Трапани од 18 до 20 јули.
По патеката на фрањевсиот дух на Асизи овој потфат е насочен кон повторно враќање во центарот на националниот и меѓународниот интерес, потребата за брзо воспоставување на мир, соработка и дијалог помеѓу културите и религиите на различните подрачја на Медитеранот, со посебно вреднување на Сицилија во процесот на интеграција и солидарност помеѓу народите како што е видливо од трагичните настани поврзани со истоварувањето на илјадници имигранти долж медитеранскиот брег.
Папата Фрањо посака ова манифестација да допринесе за посветување на универзалните вредности на мирот и солидарноста и повика дијалогот, како облик на средба, да се промовира посебно за да се избегне глобализацијата на незантересираност која постепено води кон навикнување на страдењето на другиот. На крајот Светиот Отец плодовите од овој нацрт, кој се потпира на соработката со италјанските воени воздухопловни сили го довери на застапништвото на Марија за да луѓето во Сицилија и Медитеранот бидат мостови за благосотојба и надеж.
Пораката на Папата е прочитана за време на Литургијата во Трапани која ја преводеше монсињор Пиетро Марија Фрагнели, а РАИУНО директно ја пренесуваше. На сцената поставена на плоштадот Виторио Емануеле концелебрираа три епископи и преседателот на здружението Лет за мир капуцинот Антонио Тофанели.
Епископот во проповедта ги цитираше зборовите на Џорџо Ла Пире кој Медитеранот го смета за за Таинствени и проширение на Тиверијадското езеро, сеќавајќи се дека денес народите кои живеат на брегот на ова море, мора да бидат свесни на својот заеднички повик и постојано послание: живеејќи меѓусебно да ја делат пораката на вистината, почитувањето и љубовта кои ја ги примија и која постојано се покажуваа валидна и вредна – пренесува Осерваторе Романо.
РВ/Д.И.