Нова Маала: Средба со поранешните семинаристи од Нова Маала и Чанаклија

На 12 јули 2014 година, на празникот на врховните апостоли свети Петар и Павле, во парохиската црква „Успение на Пресвета Богородица“ во Нова Маала, со благослов од Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски  егзарх во Македонија, се одржа средба на поранешни семинаристи од Нова Маала и Чанаклија на која присуствуваа и нивните семејства.

Средбата започна со света Литургија, а проповедникот о. Марјан Ристов ги пренесе срдечните поздрави од нашиот владика до сите присутни и укажа на важната улога на поранешните семинаристи во црковниот живот. На крајот, парохот о. Спасо Ристов потсети дека ист еимаме потреба едни од други и истакна дека црквата има потреба од нив.

По завршувањето на светата Литургија средбата продолжи во црковната сала потсетувајќи се на семинариски денови. Задоволни од средбата присутните си посакаа до скоро видување со сите поранешни семинаристи.

к.мк/о.с.р.

Категорија: Македонија

За авторот