Судбината на младата христијанка Меријам Џахија Ибрахим неизвезна
Меријам Џахија Ибрахим, млада христијанка обвинета за отпад од верата и осудена на смрт, која со посредство на Суданскиот национален совет за човекови права, на 23 јуни беше ослободена, а на 25 јуни повторно е уапсена, се дознава од нејзиниот адвокат, а преку претседателката на невладината организација „Италијанците за Дарфур“. Меријам, нејзиниот сопруг Даниел и нејзиниот адвокат – како што јавува агенцијата АНСА –се запрени од суданските тајни служби на картумскиот аеродрдом.
Минатите денови, Суданскиот национален совет за човекови права изјави дека изречената казна е спротивна на Уставот, кој предвидува слобода на вероисповед, со што сакаше да се навести ослободителната одлука. На 23 јуни 2014 година Апелациониот суд ја поништи смртната казна за Меријам, која беше во картумскиот затвор заедно со нејзината ќерка Маја, родена пред неполн месец и со синот Мартин, кој има 20 месеци.
За нејзиното ослободување се застапија меѓунардони иснтитуции и организации, со учество на граѓански и верски власти од целиот свет, со повик да се почитуваат верските слободи и потребата за дијалог. По вчерашната радост за ослободувањето, сега повтроно се јави стравување за нејзината судбина – стои во сопштението.
РВ/го*ко