Средба на Папата со свештениците, монасите, монахињите и семинаристите од Светата Земја

По ручекот со фрањевската заедница во манастирот што се наоѓа внатре во стариот град, Светиот Отец во црквата во Гетсиманската градина се сретна со свештениците, монасите, монахињите и семинаристите од Светата Земја, вкупно околу 400. Папата им заблагодари за нивното делување во Светата Земја и ги повика верно да го наследуваат Христа. Тој исто така ги охрабри да не бидат преплашени и обесхрабрени, туку храбро и со доверба да издржат на својот пат и на своето послание.

Во говорот кој беше во вид на испит на совеста, Папата ги поттикна на размислување сите собрани, епископите, свештениците, посветените лица, семинаристите: Кој сум јас пред страдањата на мојот Господ? Дали сме меѓу оние што се заспани, што го предадоа, што го планираа животот без Него или меѓу оние што со Господ издржаа до крај како Блажената Девица и апостолот Иван, запраша Папата. Свесни сме за недоразбирањата помеѓу големината на Божјиот повик и нашата маленкост, помеѓу возвишеноста на посланието и стварноста на човечката слабост, рече Папата и ја посведочи големината на Божјата добрина и милосрдие и дека Бог е секогаш на наша страна и никогаш не нѐ напушта.

Во црквата од која упати поздрав до сите христијани во Светата Земја, Папата беше дочекан со силен аплауз и со повикот „Да живее Папата“. Латинскиот патријарх Фауд Тавал во поздравот предупреди на тешката состојба на христијаните во Светата Земја, истакнувајќи дека стравот што го почувствува Исус во Гетсиманската градина уште трае за неговите синови и ќерки.

На средбата, папата Фрањо носеше црвена штола, која ја користена од Павле VI за време на својот историски поход на Светата земја 1964 година. По Службата на Словото посади маслиново дрво пред она дрвце што неговиот претходник го посеја пред педесет години.

Папата надвор од протоколот, по своја сопствена желба ручаше со фрањевците, чувари на Светата Земја, а го пратеа само апостолскиот нунциј, надбискупот Џузепе Лацарото и кустусот-чувар Пиербаптиста Пицабала. И на самите фрањевци промената на планот им беше најавен само еден час пред ручекот.

РВ/В.Н.

Категорија: Свет

За авторот