Ватиканскиот гласноговорник апелира за ослободување на киднапираните девојки во Нигерија

Портпаролот на Ватикан, Федерико Ломбарди во четврток 8 мај го осуди киднапирањето на повеќе од 200 ученички од страна на терористичката група Боко Харам во Нигерија. Непочитувањето на животот и човечкото достоинство, посебно на невините, најранливите и најнезаштитените, бара остра осуда и најдлабоко сочувство со жртвите и ужасот на нивното психичко и духовно страдање, како и за страшното понижување, истакна патер Ломбарди.

Ватикан се приклучува кон барањата за итно ослободување на девојките и нивно враќање во нормален начин на живот, апелира ватиканскиот гласноговорник отец Ломбарди.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот