Папата: Внимавајте верата да не стане идеологија

Папата Фрањо на 27 мај 2016 година во аудиенција ги прими учесниците на Генералниот капитол на Малите дела на Божјата провидност, конгрегација која што ја основал дон Луиџи Орионе.

 „Повикани сте и на Бога посветени за да останете верни на Исус и да му служите во најсиромашните и исклучените во општеството. Во нив го допирате и му служите на Христовото тело и растете во единството со нив секогаш бдеејќи верата да не стане идеологија, љубовта да не се сведе на филантропија и Црквата да не стане „невладино здружение.“

Светиот Отец истакна дека нивниот идентитет на Христови служители им го одредува „сè што се и сè што прават“. Нивното делување така не е „само ефикасно, туку длабоко христијанско и спасоносно.“ Така постапувајќи нема само да го „наследувате Исус добриот Самарјанец“, туку на луѓето ќе им ја „пружите радоста од средбата со Исус и спасението кое Тој на сите им го донесува.“

Навестувањето на Евангелието посебно во нашето време бара голема љубов кон Господ, со посебна снаодливост. Љубовта е секогаш на патот, љубовта секогаш е во одењето – рече Папата поттикнувајќи ги собраните да „не останат затворени во сопствените опкружувања“ туку да „одат надвор“ носејќи ја и на најодалечените места Христовата љубов.

Вашето служење на Црквата ќе биде толку поефикасно колку повеќе сте во потрага по лична приврзаност на Христос и духовната формација. Сведочејќи ја убавината на посветениот живот бидете пример за младите. Животот создава живот, а монахот кој е свет и среќен побудува нови звања – рече на крајот папата Фрањо.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот