Пораката на Папата до Папските академии

Сонот за мисионерска одлука која е во состојба да обнови сè, се однесува на целата Црква и на секој нејзин дел. И папските академии се повикани на таа преобразба – истакна папата Фрањо во пораката упатена по повод XVIII јавна седница на папските академии на тема „Oculata fides – Толкување на стварноста со Христовите очи“, а која на 28 јануари ја прочита Папскиот државен секретар архиепископот Пјетро Паролин.

Во пораката која ја испрати до кардинал Џанфранко Раваси, претседател на Папскиот совет за култура и Одборот за координација меѓу папските академии, Папата се осврна на гледањето на Црквата која е целата во одење и целата е мисионерска, па истакна дека не станува збор за тоа како да се извршат надворешни потфати, на „фасадата“. Станува збор, имено – тоа вреди и за вас – повеќе да се фокусирате на важното, на она што е најубаво, а истовремено и најпотребно – истакна Папата потсетувајќи на апостолското писмо  ‘Evangelii gaudium’. На тој начин предлогот се поедноставува, не губејќи ја поради тоа вистината. Затоа барам ваша стручна соработка, во служба на посланието на целата Црква – истакна Светиот Отец.

Осврнувајќи се на темата на средбата „Oculata fides – Толкување на стварноста со Христовите очи“, Папата забележа како во средиште на средбата е и односот помеѓу енцикликите ‘Lumen fidei’ и апостолското писмо ‘Evangelii gaudium’. Во двата документа – истакна – поттикнав на размислување за ’прекрасната’ димензија на верата и за врската помеѓу верата и вистината, која треба да се истражи не само со очите на разумот, туку и со очите на срцето, односно агол на љубовта.

Папата потоа размислува за тоа како учениците после Воскресението не размислувале едноставно внатрешна или надворешна апстрактна вистина, туку вистина која им се отворила токму во средбата во Воскреснатиот. Свети Тома Аквински со право вели дека станува збор за ‘oculata fides’, за вера која гледа! – истакна Папата. Од тоа произлегуваат важни ефекти, и за делувањето на верниците, и за методата на работа на теолозите. Вистината денес е сведена често на субјективна веродостојност на поединци, која е исправна само за личниот живот – напомена Светиот Отец повторно наведувајќи ја енцикликата ‘Lumen fidei’. Општата вистина нè плаши – забележа – бидејќи ја поистоветуваме со грубото наметнување на тоталитаризмот.

Меѓутоа, ако е вистина, вистина на љубовта, ако е тоа вистина која се отвора за лична средба со Другиот и со другите, тогаш е таа слободна од затворање во поединецот, и може да биде дел од општото добро – забележа папата Фрањо и истакна – Далеку од тоа дека нè кочи, сигурноста на верата нè покренува, и го прави можно сведоштвото и дијалогот со сите.

РВ/С.С./1341

Категорија: Ватикан

За авторот